Гласот им светка со светлина од Создавањето и слушајќи ги си велам: Не продолжувај никаде, скриј се во нивниот глас и низ него исчезни. Не продолжувај, доколку господ веќе ставил точка на сè. ***
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Господ веќе не ми ги слуша зборовите, вели, и сега е како што рекол тој.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И затоа треба да ги разберете дојденците од Македонија Кога севезден се молат Господ веќе да не им испраќа Терсене попови и тужибаби и уште потерсене владики
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Птици се тоа собрани на миса - се чита евангелието по Лука, и на местата пред да се рече Амин тие заедно и тихо запејуваат.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)