Оти, господ да те чува, овие вдовиците се беља милет!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Кога му заврши шурката, Лабро се искашла и плукна со гнасна плунка и пцовка, велејќи: - Господ да даде никогаш под нашето небо оваа крпа да не се вее! - тој се сврте кон ѕидот, напучи газ и гласно прдна.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
„Ух, бре да даде Господ да прегориш, кај мене во сокачето нозе ќе искршиш по темница, жива сијалица не свети, а овде нема никој, мислиш поради графитот е поставено осветлувањето.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Оти ќе се разделиме. Ти од мене, јас од тебе.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
И камен на шија полесно се носи од пуста црна печалба! (На Циганите). Што спиете, бре! Чукајте, дури господ да чуе!...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Господ да ни е на помош, би рекол, зашто и нашиот господ е шпион...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Еда, господ да ви придаде, ќе рече Давиде Недолетниот, еда, не сум гладен, ама атер на трпезата и, еда, атер на лебот... ќе земам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Господ да чува! Туку што да чува? Кај мене ништо недочува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Е, господ да ти даде многу здравје, му велам јас на Мисајлета Ковачот оти ова добро нема да ти го заборавам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ги гледам кошулчињата од децата, околу корилот сѐ е шарено. И везеното не се познава од болвосерки. Господ да чува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Господ да чува: помодрел во ноктите, во лицето. Рѓосал.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
После само слушаш: - Не турај ми в уши. - Господ да те поживее, оти свеќа ми запали.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Ќе те викне, велам, и се штипнувам одзади, си го прегризувам јазикот. Господ да не чуе.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Абре, господ да чува, кога имаш улав човек.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)