Амин, амин, амин шо ми сакаш мене господ нека ти умножи тебе.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Попот се откажа и од ќерка си Бисера што го прибра Крлета и еднаш, кога таа отиде да го види, да му ги земе алиштата за перење и да му занесе едно грне кисело млеко, толку го налути кога му рече в очи оти тој е крив, а не Крсте, — го грабна од полицата грнето, и го удри од глава и ја истурка низ врата со полна уста клетви: — Еве откаде дуел ветерот шо ми го подветрил детето, да даде господ нека срдешница да а вати!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Христијани сте и Славјани па ако ни сторите зло на мене и нејзе, господ нека ви плати.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И кого ќе сакаме, кого ќе чекаме, на кого ќе се радуваме, со кого ќе заспиваме, со кого ќе пиеме црвено вино, со кого ќе ја делиме тишината, кого ќе сакаме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Господ нека ни прости за сите наши немири.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
„Кети“, тој рече тивко како божем неговата сопруга да беше до него, „Кети, Господ нека му прости. Господ да ни прости на сите нас!“
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
„Смртен грев. Господ нека му прости. Господ нека ни прости на сите нас.”
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Господ нека го сочува ќе ја дочека ли слободата на својот народ? Р.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
„Господ нека ти е на помош„, пак сожаливо се прекрсти игуманијата и влезе во конакот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Па, господ нека ти помогне да излезеш на крај и сега со тоа.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Да дадеше Господ една сипаница лоша да дојдеше и сите вас да ве собереше, та после векот едно да не пркне: овде да се роди, ама бело море и црно да препливаат таткови и мајка ви, тамо да видат челад; откако ќе видат челад тамо, еден Господ нека суди и еве јас си умирам".
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Ако грешам - гревот да е на моја душа! - Господ нека суди... И толку.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Сличен на мудроумен и видовит старец, збрчкан од тежини што му ја притискале преморената душа и бушав од игра на ноќни ветрови, Лозан Перуника дошол на испотен шарколија и ги избројал пред насобраните луѓе и жени гробовите што живите од дружината им ги ископале на мртвите: останале патем рабите божји Дмитар-Пејко, Неделко Шијак, Јанко Крстин, Пеце Димовски, Борис Калпак, Симон Наконтик, Онисифор Мечкојад, Куно Бунгур, Пандил Димулев, Никола Влашки, Сандре Самарија, Самуил Пендуш, Филип Макариев, Никифор Ганевски, Илчо Просинек, Каменчо Скитник, Орлен Шумков и Јаков Иконописец, кои со ранетите Чучук-Андреј, Метуш Батковец и Цене Папчев можеле да бидат прогласени за дваесет свети и пресвети маченици, безбедниот Јаков Иконописец, без тој апостол со душа на вероизмамник од чиј оган горел Круме Арсов (ако починал, бог да го прости), и отишле или бегале од дружината Васко Тушев, Цуцул Мицковски, Осип Сечковски, Салко Вадидуша, Трипун Караѓоз, Гидоен Кузмановски, Блаже Задгорец, Марко Марикин, Пане Долгманов, Кирил Сукаловски, Јордан Шоп и последниот, сѐ уште негде на пат, Спиро Првославец, ако е некој виновен - господ нека му суди и се враќале со камења за неколку воденици и со тројца ранети Онисифор Проказник, Јован Стојче-Столетников, Герасим од Побожјане, Богдан Преслапец, Лазар Аргиров, Наџак-Јанко, Арсо Арнаутче, Цветко Грнар и Богоја Гулабарин, споулавен и зол колач на беспомошен раненик, и еве го него, Лозан Перуника, гладен и жеден гласник, од чие бавно и тешко редење на имињата до бога раснеле тажачките на жените и плачот на децата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Веста била удар од кој можело да се падне ничкум и да се гризе камен.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Господ нека ни е на помош”, помислуваше Лука Карер, не знаејќи каква улога ова јонско копно ќе игра во плановите на завојуваните страни.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Беше поставен помеѓу налозите на окупаторските сили и сѐ поголемите потреби на населението.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
А ние седиме сами во земјата на огнениот змеј, Господ нека ни е напомош!“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Па господ ме дал, господ нека ме земе, ќе си речам, и пак ќе се окуражам: - Ајде, бре, колете, ќе им речам, што чекате? Не се противам, ќе им речам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)