господ (имн.) - ќе (чест.)

ЛЕНКА: Што господ ќе даде, тоа!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Овој, и Господ ќе ни го враќа! Не е тој за никаков суд, а најмалку за нашиот, социјалистичкиот!
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Светот станува безбожен, господ ќе прати казна!
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Во „Новиот Завет“ лудилото е претставено како опседнатост со зли сили кои треба да бидат истерани од оној кого го запоседнале.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во светите текстови лудилото е казна ако не се биде послушен на Господа: „Господ ќе те удри со беснило, со слепило и со лудило“ – таква е казната според „Стариот Завет“.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- И слепо и чкулаво подава рака по змиско јаболко, се лутел Симон Наконтик како осамен светец на семожни гревови позамрсени и од волчи црева, всушност повеќе исплашен отколку величествен набожник зашто го потресол крик на див петел од лесковата шума на селото, предупредување на смртта што брза кон такви каков што бил тој, за кого женското милување претскажувало почеток на пропаѓањето на светот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Што ѝ е, каков господ ќе ја разбере? зачудено прашал Каменчо Скитник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Господ ќе ме чува мене, јас луѓето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Согласи се да ја водам тајфата и благослови ме.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со тага во зениците молела да ѝ ги следат мислите, да ѝ веруваат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ме повикува врсникот Неделко Шијак, пак шепотел со стиснати шепи на градите божем држи рабови на миросано платно со кое си ја штити душата од отровни повити, но Богоја Гулабарин, Пане Долгманов, Цветко Грнар и Илчо Просинек, веќе се здоговориле ојуначени од ракија да ги здружат сурите волиња во две двоколки и пак во ново јунаштво се клештеле и се подбуцнувале со лакти превесели и за свадба; со сладосни гласови од кои и птици ќе се разбуделе го распрашувале старецот кога ќе се стрчне подмладен и избричен кон цицлестата Фиданка да ѝ го покаже мускулестиот стомак и сѐ друго што е машко на неговата ластареста става; им говорел со ѓаконска самоувереност - Ќе дојде потоп, господ ќе ме држи да не потонам а вие ќе пекате по мене и ќе ме молите ропски рачињата извалкани да ви се држат за учкуров, да ве влечам по бранови и пени.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
САВЕТКА: Ако сака господ ќе биде.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Неби бег, и сам разжален од преселувањето, криејќи ги очите од неа и од децата, постојано повторуваше: Немај грижа, немај грижа, невесто, не оди на војна, оди да учи, господ ќе го чува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И нему, и на господ ќе му беше криво таков јунак од надопица да загине.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А сега, рекол, дајте ми еден ваш човек за да ме изведе на пат за Прилеп, натаму, како господ ќе ми даде.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И вели, изваувајќи од појасот цела лира и подавајќи му ја на Лазора, за побрзо оздравување и оти го победи Иса.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во деќика, кога ќе бидело небото отворено, шчо да посакал чоек од бога, господ ќе му дадел.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тој стан'л, го фатил и го врзал за едно дрео, шчо било во градината му.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
баму ја, седиме така во темницата и се плачеме, сакаме да го подзапреме времето, да се оддалечиме од смртта што нѐ чека, јас веќе си ја гледам мршата како ја раскопуваат дождови, како скапувам и се смалувам, се гледам пред себе си, така, како своја слика да држам в раце, само Силе Плевнеш грчи во ќошот, бичи некои глуждови трупци, ама времето кој го запрел досега, го запирале царови, кралови, тепачи, арамии, врачари и јаки луѓе и никој не останал со него и како што седам така, оп - се обзорува, некоја бесшумна светлинка ни влегува на прсти во собата и со светлината влегуваат и војници, оф мори мајко, ајде вика старшијата, Силе Плевнеш уште грчи и старшијата го клоцнува в слабина и овој рипнува, си ги брише слинките околу устата, сакате поп да ве исповеда, јас не сакам, вели Силе Плевнеш, и без поп господ ќе дознае за нас, знае тој дека на правина нѐ земате на душа и после нѐ поредуваат во дворот пред затворот, а Стеван Докуз пак приплакува, ги покрива очите, што ќе му правиш: тој ти е другар во несреќата, „пријателот ти е роднина кого самиот си го одбираш“ велеше Лазор Ночески, а војниците чекаат со пушки пред нас и ете го дојде тој, офицерот, се тетерави 121
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Секој си вели: оти јас да умрам, нека умре оној што сака јас да умрам. Ако беше убава смртта и господ ќе умреше.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мислиш господ ќе слезе да вечера.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сум направила нешто нечесно. Господ ќе ми прости.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
„Тој се колнеше дека мајка му е гулабица, а кога го сплеткавме пцуеше исто како овој.“ „Но тој проповедаше дека Господ ќе ги претвори сите луѓе во нешто - смешно, не можам да се сетам сега.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Господ да чува, светол бегу, ами јас не ќе бидувам оџа? Господ ќе ме чува од такво нешто.“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Забележа тој дека Тодора си ги сака иконите, си пали редовно кандило, си оди в црква како да е самата дома топол леб, не жива сода, за секој адет се договара со попот и ревносно ги потсетува домашните и комшиите на празниците што идат, па реши да удри на тој тапан, белки и господ ќе му помогне.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Туку кога Господ ќе посака пред Него да застанеш со сите гревови - и знајни, и незнајни - и - нема бегање. Негова е повелба...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Во визба, на првата или на другата плоча, господ ќе знае, таа да може неврат ќе фати само да не ги среќава очите на Добра и на Чана.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
А можеби... Господ ќе те знае, можеби ти и немаш што да заборавиш.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
ЉУБА: А можеби, ќе нѐ убие, - господ ќе го знае...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Па затоа збеснуваат кога дождот ќе прекине Некој меч на тенискиот турнир во Вимблдон Има да го види Господ тој Господ кој би пуштил дожд Кога вимблдонскиот турнир би се играл во нивните локални царства Божемипрости дури прднат диктаторчињата Лично Господ ќе мора да го пренасочи дождот Што им го прекинува ќеифот а големите љубители на тенисот Распашани на самите врвови среде малите нации Меѓу два сона како меѓу два тениски сета Јас понекогаш и ќе зјапнам онака отсустно во небото И бргу-бргу сама строго ќе се прекорам За тоа ли отворав очи за да зјапам во кукубарите А нема кукубара којашто нема да ти украде ќебапче Од распламтената скара во дворот Како што нема чавка која нема да ти се посере на ќелавицата И уште да те мавтосува дека тоа ќе ти донело среќа Мижи Асан да ти бајам велат за тоа новодојденците од Македонија А јас самата си велам мижи си колку што можеш повеќе
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Ќерките му се раѓаа една по друга, речиси не ја оставаше жена си да здивне, или ќе му умреа, како што му умреа две, или не ќе се родеше машко и тој започнуваше одново, надевајќи се дека најпосле господ ќе се смилува и ќе му даде син.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Има луѓе што умираат праведни, има луѓе што умираат грешни”, им велеше попот: ”на праведните смртта им се јавува весела, а на грешните намуртена, страшна, лоша; луѓето се страшат од неа и затоа пред умирачката си го покриваат лицето со покривка за да не ја гледаат; смртта е како некој мајстор; турли-турли алати има: тесла, пила, секира, глето, клешти, сврдел, копан, затегач, турпија, скоби и многу други алати; најпрвин ќе зафати болниот од прстите да го разглобува со сите тие чешити алати: оди од зглоб до зглоб, и откако ќе го разглоби, почнува жилите да му ги сече, и најпосле ќе почне со секира да го мава по тилот додека не му ја земе душата; кога ќе му ја земе душата - ја носи право кај бога на поклонение, а потоа, еден ангел ќе ја шета душата открај-накрај на небото и открај-накрај на земјата за да ги види сите убавини; ќе ја носи по сите места каде што шетал човекот додека бил жив и ќе му покажува ангелот сѐ што чинел: добро или лошо; на четириесеттите дни ќе го врати човекот кај гробот и ќе му ја покаже мршата негова кај што лежела внатре; по четириесеттите дни, пак ангелот душата ја носи кај бога, и тогаш господ ќе му заповеда на ангелот да ја носи душата во рајот или пеколот; ете, затоа треба на умрените до четириесетте дни да им се пее на гробот и да им се носи задушница; со тие добрини може господ да се смилостиви и да им ги прости гревовите: зашто до четириесетте дни душата не му е пресудена на човека”.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но, Господ ќе ни даде и повеќе од тоа што бараме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Можеби не направив сѐ што се очекуваше од мене, но за возврат добив сѐ што заслужив.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
СУЛТАНА: Си заборавил синко. А господ ќе те потсети на сѐ што си заборавил.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
- Не- рече Петре Даскалот на тоа. – Прво е потребно лушето да знаат дека крстот, камбаната и знамето ни требаат а после и Господ ќе помогне пари да се најдат. - Така е- рече стрико Најдо.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Кутриот. Тој беше оној палавџијата што кажуваше дека бил од некоја Стара планина, сели или град во Бугарија, господ ќе знае.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ама, било за да останам, ниеден куршум не ме фаќа. „Некогаш и господ ќе те види и ќе се замеша, велеше мајка, и да не го викаш ќе те побара, ќе застане да те брани.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Господ ќе го гледа, слушам една милосрдна сестра.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)