И потем во светлина раскошна, со музика семирска се спушти над мојата глава, ми ја позеде раката, го фрли мојот груб калем од железо и во раката калем од лач небесна ми стави; калемот сам почна да пишува со раката моја, и до првиот час по полноќта, кога првиот петел се гласи, писмото за господарот мој беше готово, и јас знаев која буква на кое нешто му одговара.“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И у тој сахат се јави свјатиј Василиа и рече на ангелите: „Господари мои, оваја душа многу ми е измет учинила на мојата старост, и молих се заради неја Богу и Бог ми ја хариза.“
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)