господин (имн.) - началник (имн.)

Во Софија имаше доста учени Македонци, емигранти, печалбари и работници.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Господине началник, сакам да ви дадам до знаење дека преку ова јас нема лесно да поминам како што вие, најверојатно, претпоставувате!“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Беше недела. Попладне сите јункери беа пуштени да излезат во градот Софија.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Разбирам господин началник! - одговори Гоце, се сврте налевокруг и излезе надвор...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Добро, господин началник... - почна Гоце да се правда, но началникот го прекина со зборовите: - Доста! Нема да те слушам!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Кога му ја даваа, пред испуштање, личната карта, во една од канцелариите што сепак создаваше илузија на оној нормален допир со власта, досега единствено познат за него, Пискулиев се пожала: „Господин началник, мене ме тепаа за ништо!“
„Послание“ од Блаже Конески (2008)