„Мозок, мозок сум, нели?“ Се пресегна и ја отвори десната врата.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Ги жалеа луѓето, ги оплакуваа и правеа маѓии да ја стиосат болеста, тропаа со тенекиња и ја бркаа, палеа ќуќур и козина да ја спотераат и избркаат од каде што дошла; ги стркаа ќералите и плевните со света водица, со жива вар, чадеа темјан и пееја молитви, го молеа господа да ја запре и сотре болеста по ајваните; им врзуваа амајлии на гушата, им сечеа од ушите, од опашката, од роговите - чинеа сѐ што знаеја или ќе чуеја само да ја откатанчат и изгонат болеста.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Гласот му доаѓал од далечина и од минатото во кое еден друг Мечкојад сѐ уште во темна пештера глода коски на ѕвер и во кое тројца болни од проказа му се молат на господа да им ги земе душите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тогаш на игуменијата ѝ се причинило дека и од очите на тој Онисифор Мечкојад никнуваат влакненца, се кадрат и се замрсуваат, и дека е тој сиот едно големо клопче козина.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Демнев каде стариот ќе ги остави резервните клучеви“, ни рече и ја отклучи левата врата.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Ако е така, тогаш не ни останува ништо друго, освен да му се помолиме на Господа да ги умножи македонските друштва, слични на Петроградското – „Св.Климент” насекаде каде што живеат Македонци. *Прочитано на II седница на петроградского Македонско научно-литературно другарство „Св.Климент” на 28 септ. 1903 г.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
„Молам, господата да влезат.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)