Во мојот бележник имам запишано дека нашата држава во рамките на Трумановата доктрина досега ѝ даде на Грција: 142 авиони со седум илјади бомби, деведесет и седум илјади пушки, три илјади и осумстотини и деведесет минофрлачи и митралези, четири милиони топовски и минофрлачки гранати и триста милиони фишеци.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Навикна и на топовските и минофрлачките гранати и на рафалите.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Прскаат гранати и камења, се враќаат во водата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И пак под воениот суд, и пак, кога почна фронтот, на прва борбена линија, пак меѓу гранати и куршуми...
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Ја фрли едната рачна граната и во мигот кога сакаше да ја фрли втората, пред него избувна црнина, го облеа топол воздух, во ушите заѕвонија стотици ѕвона.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Кога видел какво е ослободувањето, ја испукал гранатата и истрчал за да ја стигне, за да падне на него.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ти свират гранати и куршуми, а ти ги замижуваш очите и си велиш: Ај, збогум, животу!
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)