Впрочем и таа можност постои, иако негде далеку , во неодредената недофатливост.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Зборот, само игра на случајноста или трагач по загубениот поларен свет: помеѓу јатата ситни птици на островот на смрзнатите водопади, со патишта што треба да се изодат пред да станат проодни А сонува Атлантиди во ѕвездениот архипелаг Зборот, раскрилен бран што срчено ќе го крепи Ноевиот ковчег во водите без граници Или само фрлен зрак врз твоето мрачно лице што не знае каде спие, кај се буди, А сонува Атлантиди во ѕвездениот архипелаг Зборот, потоната надеж и измолкнат крик од молчеливите води.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Не е сигурен дали е веќе од другата страна на границата или е сè уште од оваа страна.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Сепак, и покрај сите мапи, сите цариници, стражарници и опрема за следење, луѓето секогаш ќе наоѓаат начини да ги заобиколат границите или да ги користат за свои сопствени цели.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Насмевката ни е потребна само за да ја одбележиме границата или моментот кога свесно пристапуваме кон можното манипулирање и со сопствените размисли?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)