Никифор Ганевски го потсети дека абердарката има два краја: едниот пука, другиот може да падне врз тилот на тој што ѝ го стиска чкрапецот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Од појасот му ѕиркаше змиулест сор, алатец силен и за гранки и за човечки жили. И на неговите шепи им тежеше крвта.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Трненката е грмушка висока до човечки бој, а широка како копа ( спореди: мома како копа), плодот ѝ е ситен како брбушка, колку модар уште повеќе кисел, кој се задржува на гранките и до зиме смалувајќи се и збрчкувајќи се како природно исушена и конзервирана јагурида.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)