Тоа не значи дека сите етноси во Македонија треба да се денационализираат за да се створи некаков наднационален граѓанин кој подоцна би бил дизајниран според потребите на глобалните политички интереси.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Во двете следни измени од 2011 година,125 важно е да се напомене дека на индиректен начин се регулира правото на невработените лица да го остваруваат своето здравствено осигурување преку формулацијата „граѓанин кој не е дефиниран како обврзник за плаќање на придонес по една од основите од чл. 10 ст. 1 т. од 1 до т. 14 на овој закон“ во новододадениот член 10-а.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Со измената и дополнувањето од 2008 година се зголемуваат па- ричните казни за постапување спротивно на одредбите од овој закон, од 100.000 до 200.000 денари на 3.000 до 5.000 евра (околу 185.000 до 300.500 денари) за одговорните лица во органите на законодавната, извршната и судската власт, јавните установи, политичките партии и здруженија на граѓани кои нема да достават периодични планови за унапредување еднаквите можности и нема да ги обезбеди 1. Закон за еднакви можности на жените и мажите, Сл. весник на РМ, 66/06. 2. Закон за измени и дополнување на Законот за еднакви можности на жените и мажи- те, Сл. весник на РМ, 117/08. 131 бараните информации до застапникот (чл. 4, ЗИДЗЕМЖМ).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Со неа, согласно амандманите на Уставот од 2001 година, се утврдува дека при вработувањето во јавните претпријатија ќе се применува начелото на соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници без да се нарушат критериумите на стручност и компетентност.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Граѓаните кои живеат во оваа улица резигнирано истакнуваат дека таквата состојба е резултат на индиферентниот однос на ЈП „Комуналец“ кое на овој дел од градот не врши редовно собирање на сметот од индивидуалните станбени згради, а нема поставено ни контејнери.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Велат дека таму, во сепарињата на таа кафеана, се плетела и се расплетувала темната страна на нашиот живот, а тоа беше животот на многумина злосторници, кои наеднаш ќе осамнеа како убијци, како учесници во злостори, како уценувачи на видни граѓани кои на некои други видни граѓани не им се допаѓале.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Мислењето е „јавно“ на три начини: „се однесува на јавни прашања; се наоѓа во јавниот домен; и го произведува јавноста, т.е. приватните граѓани кои стапуваат во интеракција во јавната сфера“.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Јавната сфера игра улога на посредник помеѓу општеството и државата, во кој јавноста се организира како носител на јавното мислење.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
5. Работодавачот потребата од работници ја обезбедува преку: 1) огласување на јавен оглас во дневниот печат на товар на работодавачот; 2) објавување во службата надлежна за посредување при вработување, без наплата, во согласност со закон; 3) посредување на службата надлежна за посредување при вработување 68 преку упатување на лица за вработување од евиденцијата на невработените лица и 4) агенција за посредување при вработување со наплата од работодавачот, во согласност со закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во јавна установа, јавно претпријатие и друго правно лице што врши дејност на јавна служба, орган на државната управа и орган на единицата на локалната самоуправа – потреба од работник се обезбедува со објавување на јавен оглас во најмалку два дневни весника од кои најмалку во по еден од весниците што се издаваат на македонски јазик и во весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик (чл. 22, ст.1 и 3 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)