Подоцна, кога уште верувал дека и мртов ќе го мрази насилникот со превивка преку око, се сеќавал дека биле корен на грев неговите мисли: тој тогаш од две теста месел величествен облик за туѓи заби.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Беше болен, немоќен беше, блед, како молец што ги изел јаслите свои, ткаенината во која се родил (пајакот никогаш, макар и најгладен бил, не јаде од мрежата своја, од делото на утробата своја); таа ноќ, кога му го покажав пајакот грозен во ковчежето, сила незнајна, сила ѓаволска го крена на нозе, и тој со мене појде, кон гревот негов, мене што ми се пиша во книгата на вересиите божји.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Како да бил бессилен да ги ослободи жилите и месото од грч и со матни очи барал капка роса скриена од сонцето под лански лист, да ги допре усните и да го убие огнот на пониженоста и мислел - бил млад, остарел, се намалил, премал ќе се удави во таква капка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)