гримаса (имн.) - на (предл.)

И покрај сите признанија за организаторите за вклучувањето на практично сите информации за животот и уметноста на Дишан што им биле достапни, нивната изложба сепак има значителни слабости - не успева да открие еден од најважните елементи во делата на Дишан: неговата суптилна смисла за хумор.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Со исклучок на неколку документарни фотографии - како онаа славната на која Дишан чучнат на клупа во еден парк во близина на Париз прави ѓаволеста гримаса на ококорено исклештен монструм - на кои се наѕира само трага на овој аспект на уметникот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сочувствуваше со секоја болна гримаса на Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но, тоа боли: погледнете ги сликите на средновековните мартири: какви физикални маки, крв, какви гримаси на бол.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Секако на овој човек му се слоши - вџашено ги врти очите и бледилото на неговото лице се крши во гримасите на преплашено изненадување.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На помодреното лице беше замрзната грозната гримаса на тукушто свршената агонија.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Младичот од онаа страна на улицата со гримаса на устата гледаше во овој чувар на редот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Прочуениот Август Рицман со смешни гримаси на лицето оди кон смртоносниот топ. Тој, живата граната - Август.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тој направи една лоша гримаса на лицето и ми се закани.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Сакав да му дадам на знаење дека тоа нема да се случи.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Милувај, кажувај откорната штицо во моите уши шкрипни збор од стисок зад доцната есен клун твоето лице со тврда гримаса на одметнат врисок и блиску, сосем блиску во паднати лисја и стивнати птици од предзимска мисла се тркала бисер од поплака тивка стара колку слухот со воздушни уши кон ветерот со око што од себе се суши ќе одминам во ехо на чекор од чизма ти далечна, крцкава стрпи се и слушни од жлеб, клинец и чекан чука мојот призрак. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 139
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
ДИОНИСИЈА ПРВА
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Пристигнат од Исток цвет или бран во трепет сет; на ветрови нежни сплет - прилика во тивок лет - кон спирален плови тек зрак зад брегот модро мек ненадеен од недоглед сам се влева в суден след: ред сред буден непреглед.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Мммм“, реков со гримаса на апетит на лицето. “што има за вечера?“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Потоа чаша коњак, голем ТВ екран, филм со наслов „Момче во меур“ за едно момче кое пораснало во потполно анти-септички услови бидејќи било родено без имунолошки систем.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Таа послужи ладна крем супа од моркови и тофу-сирење и сендвичи со паста од леќа како предјадење, а суфле од лук со биолошки контролиран зеленчук како главно јадење.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)