Двајца млади руски уметници се шетаа низ воените гробишта во Франкфурт мислејќи на сличноста меѓу спомениците подигнати во честа на мртвите во Германија и оние подигнати во Русија, во чест на Русите.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Навистина, 86 Margina #11-12 [1994] | okno.mk ова одново ја разбуди старата спротиставеност која датираше уште од блоковската војна, “ние и тие”, со постоењето и тука на можноста за менување на улогите: “тие”, односно Запад, што можеа да бидат симбол на напредокот и на своевоидниот земски рај, рај со неколку сенки но сепак рај, и “ние”, руските валенкис, мастилните чевли.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Бојсовиот авион прекриен со valenkis е проект роден во 1992.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Но тој не му кажува на никого и за еден друг свој навик: секоја недела по службата тој се упатува на гробиштата во Орландовце, на гробот на жената си.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Имав можност да ги видам кучешките гробишта во Париз.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Му направи гроб и му го уреди како што тоа го правеа сопствениците на кучињата во кучешките гробишта во Виена.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
На 4 ноември 1990 година Централата го извести новиот Водач дека на влезот на католичките гробишта во Скадар била организирана миса.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Каде била тогаш Сања?!
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Идниот ден на гробишта во Крушица од Стерјо се простиле само мајка му Суада и двете сестри Лејла и Вера.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Поворката не помина по мостот за гробиштата во Каршијак, туку се упати крај пазариштето, пробивајќи го полека патот меѓу луѓето сеирџии.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Есен е, а беше крај на пролетта кога го закопав Борко на гробиштата во Долнец. Беа шест гроба над водата од езерото, нашиот седми.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Ден по ден езерото се смалувало надолу, а бидејќи веќе повеќе години водата работела на тлото, поткопувала и ронела, таа го сронила и оној ров при дното од падината спроти гробиштата во Долнец, во кој беа биле натрупани телата на дванаесетмината стрелани од Борко и од неговите луѓе во 1944-та.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Првпат сум на гробиштата во родниот град Поградец.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Овде мртвите умираа по вторпат! Не одговорив.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Како во сон друг што му го кажувал, на доктор Миха му поминаа наредните денови и ноќи, споени во некоја колку сивина толку темнина, во која сè се препознава по научен навик а не со непосреден допир - од моментот кога го препозна синот во мртовечката картотека на Судската медицина, преку поворката низ гробиштата во која место тој да ја придржува жена си таа го придржуваше него заедно со ќерката, до тупотот на првата грутка земја што удри по сандакот на син му во гробот и оттогаш не престана да му одѕива во испразнетите гради, како грмеж од небото кој пред да одмине со облаците спалил една кревка тревка што ќе запусти цела душа.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ко и копале темелите многу вода излегувало.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Тој камен падне на сегашните гробишта во село Ново Село.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
ГРАДСКИОТ СААТ ВО ПРИЛЕП Градскиот саат во Прилеп е граден во турско време.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Со нас носиме и свеќи. Да ги запалиме на гробиштата во Прењес.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
И тоа не e сѐ. Колку ли се тие кои засекогаш останаа на гробиштата во источно-европските земји, поранешниот СССР и во поранешна Југославија? Бројки.... бројки... бројки....
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
На малите гробишта во Берлин среде пладнина се истура темна темнина и тешко може да се утврди ечат ли шепотат ли тапаните.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
На малите гробишта во Берлин на почетокот на дваесет и првиот век стварноста остро мириса на формалин истечен од старите тегли на историјата која не престанува да се повторува.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Како некогаш, кога се најде во Ејупските гробишта во Цариград, кога безброј камени извичници и прашалници, некогашни животи, го обземаше меланхолична тага, неуспевајќи да ги открие блиските на неговата мајка, предците за кои немаше никакви сознанија.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Таа парцела во гробиштата во Бристол Илко ја закупи со госпоѓата Ана што ја запозна во бањата во Бристол каде што се лечеше од реума и која го зеде да живее кај неа и која го засака толку што не сакаше и по смртта да се раздели од него, та закупи парцела за гроб и за неа и за него - еден крај друг.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Потоа ѝ пристигна друго писмо испратено од Управата на гробиштата во Бристол, во Англија, адресирано на Илко во кое се бара изјава од него да каже дали сака и понатаму да му се чува парцелата во гробиштата што своевремено со госпоѓата Ана, сега покојна, ја закупија, бидејќи времето на договорот за чување на парцелата, е изминато.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)