Александар еднаш беше во една од нив за да направи репортажа за брошура што секретаријатот ја печатеше. – Во текстот не обраќај внимание на пијаните ветерани кои во групи пијат ракија пред испустените куќи, неискосената трева и откорнатата дограма, бидејќи никој не ја фаќа да ја поправи, Тодор го посоветува Александар.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)