Во 1940 година ја извршил партиската задача пренесување на куфер полн со примероци на Бели мугри од Белград во Скопје и така го запознава Кочо Рацин. Во мај 1941 година оди во Софија со група македонски студенти со цел да се запише на тамошниот универзитет.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
На територијата на Македонија, освен Македонците и Бригите, живееле и други пред индоевропски племиња, кои ја сочинувале групата македонски племиња.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Гемиџискиот кружок бил составен од релативно мала група македонски младинци, од кои најпознати биле: Јордан Попјорданов, Костадин Иванов Кирков, Димитар (Диме) Мечев-Мечето, Илија Трчков, Владимир (Владо) Пингов, Георги Петров Богданов, Милан Арсов, Тодор Органџиев, Тодор Богданов, Илија Попјорданов - сите од Велес, потоа: Павел Шатев, Марко Бошнаков, Цветко Трајков.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Од избегувањето на првата група македонски ученици во 1889 година, за коешто спомнав, сѐ до 1895/6 учебна година избегуваа кое по мали групи од 5-10 души, кое одделно од по 1-2.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)