Од писмото кое било испратено од амбасадата во Атина до Форин Офис, очигледно е изненадувањето кое го предизвикал извештајот за “неочекуваниот солиден славо-македонски карактер на ова подрачје и несимпатичниот приод скоро на сите Грци...спрема сите жители на територијата на Грција кои не се Елини во поглед на обичаите, верувањето и јазикот“.360 Од извештајот може да се констатира дека политичкото движење на “локалните Словени, такво какво што е, е едно движење кое не е во корист на Бугарија туку за една независна Македонија“ и дека поддршката на тоа движење доаѓа од југословенска Македонија, а не од Бугарија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)