Повеќето од викендите тие се на забавите низ цела Холандија, каде гостите плаќаат по три марки за да дознаат што точно внесуваат во своите организми и дали тоа е безбедно.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Всушност, најголемиот дел од правците во современата филозофија, кога станува збор за односот меѓу духот и телото, се насочени кон обидите да се реши или делумно надмине проблемот што постои.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Не постои ништо во врска со Екстази и со ова движење во Европа, што Херман не го знае.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Тука пред сѐ мислам на правците како: аналитичкиот бихејвиоризам, феноменологијата, лингвистичката филозофија, современите движења во филозофијата на духот, когнитивната филозофија, физикализмот и голем број други правци карактеристични за филозофијата на 20-иот век.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Во таа смисла тој пишува за „нерамнотежа помеѓу програмите што мислат и програмите што осознаваат и се активни во реалниот свет”, тоа изненадувачко сознание го внесува во историскиот развој на темелните човекови способности: „Изгледа како да е - видено апсолутно - мислењето полесно од сетилното осознавање и делувањето - поглед што можеме да го објасниме во рамките на еволуцијата.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Во мејл-арт мрежата може да се вклучи секој, без никакви предуслови, и денес се смета дека тоа е најмасовното уметничко движење во историјата на човештвото.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Дури некои промени во звучниот период, што се однесува до филмската техника, може да ги сметаме за грешење во Ворхоловската естетика.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Тоа пред сѐ е првиот Ворхолов филм кој во целост е сниман со подвижна камера (ако ги изоставиме ретките зумови и движења во Vinyl и Space); парадоксално, Ворхол којшто упорно ги одбивал предлозите на своите соработници фиксираната камера да ја помести макар за милиметар, тоа обилно го правел во Nedy, кадешто самиот ја врши функцијата снимател.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Преживувањето на човековите суштества со стотици милиони години било зависно само од способноста за гледање и движење во физичкиот свет, и во таа натпреварувачка ситуација голем дел од нашиот мозок ефикасно се организирал за извршување на таа задача.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Токму поради своите позитивни резултати во превладувањето на меѓучовечките, социјални, идеолошки, расни и политички недоразбирања, мејл-артот денес веројатно е едно од најзначајните уметнички движења во светот.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
И поинаку не би можело да биде при едно вакво движење во кое кој кога сака, преминува друго возил.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ништо не е чудно по напишаните закони на дрвижењето во овој град, кола да ве премине и од левата и од десната страна, а тоа на таков простор, за кој треба до милиметар да се измери растојанието од една до друга кола.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Макар колку луѓе да среќавав по движењето во центарот, па и по улиците на Келн и на неговата станица, која сама за себе претставува посебен град, не можеше да се забележи, барем видливо, дека овде навлегла макси-модата.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
„Велес во НОБ“ заедно со Јордан Леов, „Бараме леб“, заедно со Милан Сланев, „Ликот од фрлениот весник“, „Од Париз до Истамбул“, „Моите бележења“, „Една младост меѓу две војни“, „Работничкото движење во Велес“, „Илегалниот печат во Велес“.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Драма во едно дејствие од револуционерното движење во Македонија.
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Посебно внимание партиските и воените раководители од делот на Македонија под Бугарија посветувале на прашањето за разјаснување на македонското национално прашање и за македонското националноослободително движење во минатото.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
На 8 септември 1944 раководството на Разлошкиот партизански одред “Никола Парапунов” испратило проглас до населението од делот на Македонија под Бугарија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Голем политички успех на народноослободителното движење во делот на Македонија под Грција претставувало формирањето на масовната политичка организација Славјаномакедонскиот народноослободителен фронт (СНОФ), кој работел врз македонска национална платформа.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Се нагласувало дека партизанското движење во овој дел на Бугарија претставувало продолжение на историските традиции на македонското национално ослободително движење од времето на Гоце Делчев и Јане Сандански.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Со својата организираност и активност тие развиле силно партизанско движење во делот на Македонија под Бугарија, така што непосредно пред 9 септември тие ја држеле целата област во свои раце со исклучок на градовите.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Но, во текот на востанието се замешал и бугарскиот комитет “Единство” чија намера била, со оружена акција, да ја предизвика европската дипломатија да го реши македонското прашање во полза на Бугарија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
На тој начин, од 20-тите години на XIX век започнало културно-просветното движење во Македонија, кое создало услови за национално будење на македонскиот народ.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Од тие причини во дотогашниот успешен развој на борбата во 1941 и почетните месеци на 1942 и во работата на партиската организација во делот на Македонија под Бугарија настапило затишје.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Смртните пресуди и недефинираниот став на ЦК на БРП во однос на прашањето за вооружена борба имале негативен одраз врз развитокот на партизанското движење во делот на Македонија под Бугарија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Првите книжевници, Јоаким Крчовски од Кичевско и Кирил Пејчиновиќ од Тетовско, биле свештеници и учители.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Истиот бил формиран со решение на Македонското биро на КПГ за Леринско и Костурско, и посебниот партиски актив на Македонците во Воденско.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Пролетта и летото 1944 во делот на Македонија под Бугарија биле формирани светиврачкиот ПО “Јане Сандански”, петричкиот ПО “Андон Попов” и неврокопскиот “Анешти Узунов”.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Раководството на востанието изготвило програма на македонското национално ослободително револуционерно движење во вид на Правила односно Устав на македонскиот востанички комитет.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
За основоположник на богомилското движење во Македонија се смета Поп Богомил.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Во оваа своја политика Велика Британија изградила стратегија со која настојувала да ги искористи движењата на отпорот и народноослободителните движења во Европа за да ѝ послужат како трансмисија за повторно воспоставување на предвоените режими во окупираните земји.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Фактот што четничкото движење во Македонија немало никаква потпора и неуспех на мисиите испратени кај нив исто така влијаеле врз британските стратези на СОЕ да решат да воспостават контакт со НОД во Македонија кон крајот на 1943 година.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Меѓутоа, при испраќањето на оваа мисија Британците биле сосема свесни дека четничкото движење во Македонија скоро воопшто немало свои приврзаници бидејќи според нивните информации “Михајловиќевиот комитет во Скопје е провален и безжичната опрема е пренесена од Наумовиќ во Порече и сé уште не е почната со работа“.77 Нивните информации покажувале дека на територијата на Македонија “освен заскитани војници нема партизани“.78 Но и покрај таквите информации СОЕ во Каиро пристапила кон подготвување на втора мисија за територијата на Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
За СОЕ значајно било и прашањето за политичката ориентација на партизанското движење во Југославија и за степенот и карактерот на неговата поврзаност со СССР и Коминтерната.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Исто така тоа требаше да одржува и врска со грчкото движење во Егејска Македонија и по можност да организира заеднички акции.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Македонското автономно движење во северозападна Грција: Неговата поставеност и сегашна историја 1941-1945.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Македонското автономно движење во северозападна Грција: Неговата поставеност и сегашна историја 1941-1945.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
За него немало никакво сомневање дека тоа биле партизаните.38 По запознавањето на ситуацијата на боиштето на Југославија, Маклин во својот извештај до Министерството за надворешни работи ќе заклучи дека партизанското движење во Југославија има ефикасна врховна организација со која би било можно да се планираат и реализираат одредени задачи и дека “каква и да била нивната политика, се бореле, против нив (Германците б.м.) и тоа многу успешно, а четниците, како и да гледаме на нивните мотиви, главно не се бореле или пак се бореле заедно со Германците против своите сопствени сонародници.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Повеќе од половина век, фотографиите биле запрени на кејот на Сена, небаре во движење во место, наменети, еден ден, до нив да втаса и еден од вистинските трагачи, еден од далечните потомци на Фетхи-беј Окијар.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Ова е добар пример за преминот од правилно движење во хаос поради променети услови.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Во 1963-та година Мишел Енон, францускиот астроном што работеше во Принстон (голема погодност: американски компјутер!), заедно со мошне способниот студент Карл Хејлс, направи значаен пробој откако некои од тополошките идеи на Поенкаре ги примени за пресметување на движењето на ѕвездите во галаксиите, каде што орбитите на ѕвездите јасно покажувале премин од правилно во хаотично движење. okno.mk | Margina #26-28 [1995] 86 Овие формули на Енон од тогаш се користат како парадигма за хаотичното движење во Њутновската механика.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Она што може да го поздравиме е создавањето на здраво и автентично синдикално движење во Македонија, необременето од тромавоста на жолтите синдикални практики.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Меѓутоа, геј-режисерот Исак Џулиен, во својот сјаен краток филм Настојникот (The Attendant, 1993), без колебање ги испитува историјата на ропството, нејзиното претставување и нејзиниот поживот во современа Британија така што режира меѓурасни геј-садо-мазохистички сцени во музејот Вилберфорс хаус, установа што се наоѓа во градот Хал, во која се слави животот и делото на борецот за укинување на ропството Вилијам Вилберфорс и во која се наоѓаат некои од највеличаните уметнички предмети создадени од аболиционистичкото движење во деветнаесеттиот век.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
4. Или Мисирков, поради непостоењето на претходни истражувања, не можел да ги согледа процесите во развитокот на македонското ослободително движење во неговата целост или пак, во брзината со којашто ја подготвувал книгата, просто не успеал да се доискаже, да го прецизира својот исказ, зашто и во македонската историја националната борба ѝ претходела на политичката: најпрвин се развива движењето за свои цркви и училишта, за свој јазик и учебници, т.е. за национално-културна афирмација во рамките на Турција, па дури потоа и знатно подоцна за организирана борба за „политичка автономија” и за ослободување од Турција.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Тоа е така, но не треба да се заборава оти организаторите на движењето во повеќето случаи беа чиновници егзархиски.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
94. Организираното револуционерно движење во Македонија има знатно подолга историја и започнува всушност уште во 60-тите години од XIX век, коешто изведе и масовни востанија (Разловечкото во 1876 и Кресненското во 1878 год.) што станаа одредници во новата македонска историја, но Мисирков има полно право кога образувањето на најмоќната организирана револуционерна сила во земјата – ТМОРО – ја поврзува непосредно со македонските интелектуалци што учествуваа во тие бегства од Македонија во Белград и во Софија и во акциите особено во Бугарија на самиот почеток на последната деценија од минатиот век.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Кога едно движење во едни места се распространувало со убедување, а во други со сила, може ли да се нарече општо?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
61. Авторот има предвид една јасна и достатно разработена национална програма на македонското движење во минатото, зашто тој самиот на друго место наведува некои многу важни пројави на македонската национална мисла кај претходниците.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Впрочем, сите ослободителни движења во светот се потпираат и врз некои странски сили и притоа најчесто ги користат териториите на своите соседи. Тоа го направи и ТМОРО.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
За разлика од печатениот текст со едносмерното движење во правецот на вртењето на страниците, хипертекстот е радикално различна технологија, интерактивна и повеќегласна, која го фаворизира плурализмот на дискурсите пред дефинитивното фиксирање на текстот.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Оделе без ред, тромаво, како луѓе доброволно здружени од свои сметки што ни биле војници ни ја сфаќале војничката ука на движење во еден или два реда.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
На патот, ако можело да се зборува за некаков пат, се појавиле неколцина, повеќето со шамии околу главата, облечени кој како и повеќето во бели бечви и со дебели објала на нозете.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Движењата во тој миг ѝ беа мешавина на местена сензуалност, која се граничи со вулгарност, карактеристична за повеќето ’комерцијални сексуални работнички’ и формализираните потези на службените лица, отсечни и строги, онакви какви што и би морале да бидат за да влеат авторитет, и да отстранат секаква можност за избор.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Првата беше Музејот на работничкото движење во тврдината на Будимпешта, кој се разбира, беше претрупан.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Сеќаваше како има бели усни и вистински одврзани движења во секој дел од своето тело.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тие нозе не запираа, не сакаа и не можеа да запрат во заедничкото движење во малото квадратесто шеталиште.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Се чувствувам како неподвижен центар на врел ветар, чувствувам навала на топлина што ми го обвиткува мозокот и чувство на движење во главата, брзо, транс-глобално, како кога леташ.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Застанувам и ги затворам очите за да ѝ дозволам на свеста сосема да ѝ се препушти на дрогата.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Силно се концентрираш и со громко движење во лет наеднаш ги приземјуваш стапалата.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Во овој случај би рекле дека има две шеми, една за движење во правец на предметот и друга за поставувањето на раката сопоред неговата форма.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Веруваше дека во зборовите на народите со мешана судбина се кријат енигмите на балканската историја.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Климент Камилски не успеа, како што предвидуваше неговиот професор од Сорбона М.П. Фоконе (M. P. Faucaunnet), со својата докторска дисертација За психологијата и однесувањето на детето, на балканското посебно, еден ден да биде посебен прилог за моделирање на педо-психолошкото влијание и движење во неговата земја и пошироко на Балканот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Книгата на Климент Камилски, која можеше да се најде во светските библиотеки, во неговата земја, за која, впрочем, беше и наменета, во еуфоријата на сталинистичките закани стана невидлива, а нејзиниот автор заврши на Голи Оток.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко, поттикнат од уверливото кажување на Камилски за револуцијата и јазиците, размислуваше еден ден, сепак, да се врати на својот напуштен проект за Историјата на Балканот низ падот на империите, добивајќи нови уверувања дека војната создава широко лингвистичко движење во времињата и просторите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Се наведна над лицето, замрзнато од леден, црн удар, и не најде ништо што мислеше дека ќе најде - еден свет на тој човек, едно движење во просторот на продуваното време, сѐ она за што му говорел тој во темните крчми: детска играчка на изгубеното чедо, тажен кловн со плачни очи во тоа барутно време, некакви Марии со црвени искри во коските.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Сегашноста е променлива дата мерена со континуираното време, то ест со претпоставеното движење во една единствена насока: сегашноста минува во мера во која времето се исцрпува.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Но виртуалното на својата страна се појавува во време помало од она што го одмерува минимумот движење во единствена насока.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Воведна напомена: „It’s the end of the world as we know it”2 Расправите за мултикултуралноста и за „крајот на историјата” сé повеќе се во фокусот на вниманието на луѓето што се обидуваат да ги разберат современите движења во светот.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Нараснувањето на националистичките движења во Третиот свет, како последица од антиколонијалните судири, претставува сложени социо- културни случаи од кои секој полага право на посебно уважување.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Модерната уметност сѐ уште не го надвладеала сукобот предизвикан од брзата и делотворна асимилација на историските авангардни движења во системите на тоталитарните држави.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Таков беше и случајот на Јасер Арафат.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Сопругата ми рече оти ме барале од амбасадата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Сојузниот секретар, кој ја имаше репутацијата на кариерен дипломат, како некогашен учесник во партизанското движење во дипломатијата всушност дојде од ЈНА, во униформа и тука остана до крајот на својата функција, која коинцидираше и со крајот на Југославија.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Крајот на биполарната епоха го маргинализираше и значењето на неврзаното движење во кое југословенската дипломатија имаше клучно место, авторитет и влијание.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Му преостануваше да трага по новите концентрични кругови на егзилот, по новите глобални метафори, му преостануваше да го протолкува, да го разбере времето, кога одамна беше останат без татковиот егзилски компас, да го открива правецот на своето движење во времињата кои беа негови, во кои мораше и самиот да го продолжи патот на некогаш започнатиот егзил, патот на пробивањето во неизвесноста.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Палестинскиот лидер го поведе во борба својот народ во дотогаш невидени услови во секој поглед во однос на другите ослободителни движења во светот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Всушност, во телеграмата останав неверен на самиот себе, ги импровизирав компонентите на вообичена средба која не содржеше некакви посебни содржини кои Управата и високото раководство можеше да ги очекуваат.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Обично не го знаеше моето движење во текот на денот. Особено кога одев кај Палестинците.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ретко ќе се сретне во поновата историја на народите револуционер со долгогодишен стаж, револуција со подолго траење од палестинската.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Беше тоа навистина една рутинска телеграма! Како да бев препуштен на мојата писателска вокација, продолжувајќи некаков роман во себе со многу живи, директни ликови во брзото движење во процесијата на животот, во делот кој ми беше зададен...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Македонија беше застапувана во дипломатијата со своите десет проценти! И јас бев меѓу нив... Еден процент...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во историјата на ослободителните движења во светот ретко ќе се сретнат меѓу успешните водачи на револуциите во нивните личности и успешни градители на државите по ослободувањето!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Крајот на југословенската федерација, под налетите на силните геостратегиски поместувања во Европа, но и под силата на центрипеталните внатрешни националистички поместување, доведуваше и до крахот на моќната југословенска дипломатија.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Центарот беше обезбеден со три стражарски места и со видеокамери поставени на високи метални шипки, со што во одделението за наблјудување и алармирање можеше да се забележи секоја промена и движење во пространиот двор, во паркот и надвор од оградата, во појас од десетина метри.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ханка насети движење во дворот, набрзина стана, се приближи до прозорецот и се насмевна кога виде дека стариот пес, што заеднички го хранеа со комшијата Боро Симески, уморен се прибира во дворот и се свиткува крај коренот на кајсијата за да ја мине ноќта.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Но не беа ни толку прости движењата во неговиот ум.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
За вдишувањето на годините по раѓањето За заминувањето пред облакот пчели За ноќта обесена на прозорецот За модрите движења во огледалото (остаток од бујатото растење) За животот во мртвата природа - Книга на животот За отвореното писмо со зарипнат глас За меурот во зелениот аквариум За пропуштените луѓе во бескрајот За полиците на кои се задава коњица (фрагмент од непрочитаниот роман) За животот на жртвата во темелот - Книга на животот За студените светови во мртвороденото Јас За узурпација на просторот за летање За сенката што оспорува и простува За мониторот што емитува срце (интермецо на илузијата во траење) За животот претпоставен од живите - Книга за животот
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
Колата продолжи да се движи низ празните улици, а зад неа остануваа пустите тротоари без звуци и движења во студникавата есенска ноќ.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Се разбира, јас нема да почнам да го применувам ова тврдење во поглед на некое од овие полиња.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во нивните објаснувања на неговата теорија тие обично ги истакнуваат аспектите во кои тој се разликува од традиционалната философија, како што се неговото пркосење на идеалите на извесноста и интерсубјективноста; неговото откажување од метанаративите; неговиот стремеж да ги разложува дистинкциите; отфрлањето на фундационализмот (втемелителството); и неговата разиграност.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Сепак, јас ќе се обидам да го направам тоа во поглед на една револуција во философијата, онаа постмодернистичката, и на тоа движење во поглед на еден философ - Жак Дерида (Jacques Derrida).
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Мигови на вистинска среќа и страсно, хедонистичко гризење од плодовите на животот, чесно, слободно и достоинствено движење во просторот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Животов има боја на пустинска роза, на пурпурни цветови, на жолта дуња, корална, кардинал црвена, и безбројни нијанси на бои кои се прелеваат и прават ириси.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Ги следеше моите патувања, настаните во мојот живот, имајќи ја пред себе сигурно спиралата на моето движење во животот низ пишувањето...
1 мај 2001 г.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Неколкуте реда што ми ги напишавте вистински ме смирија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Кон ова се придружил и Влавијанос, кој го истакнал грчкиот пример на соработка меѓу ЕЛАС и Владата во емиграција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Што значи за нашиот прогрес на демократијата партизанското движење, излагаше Косановиќ, додавајќи дека тоа движење го обединува народот и дека не треба да се спречува туку да се канализира и да се искористи револуционерното движење во Европа.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во поткрепа на тоа тој сметал дека би требало уште веднаш да се започне со практична акција, а како пример го навел ослободителното движење во Југославија, во кое биле вклучени комунисти и некомунисти.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Косановиќ во исто време објави во „Слободна реч“ статија под наслов „Духот на партизаните, духот на Тесла“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Според нив, ако веќе требало некој да биде обвинет за таквата советска политика на Балканот и за наметнувањето на комунистите во народноослободителните движења во Југославија и во Грција, секако не бил СССР туку "тоа сме ние самите".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Исто така, посебно место е посветено на јакнењето на Народноослободителното движење во текот на 1942 и 1943 година, и покрај фактот што против него биле преземени пет непријателски офанзиви.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во рамките на овие „алтернативни политики“ се предвидувало: „А) Отфрлање на нашата поддршка на комунистичките движења во југоисточна Европа и да создадеме поумерени елементи.“
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Таквата промена на советската политика во однос на ЕАМ за Велика Британија претставувало усложнување на проблемот не само на сметка на британската „краткорочна политика“, што било предизвикано со отворената „руска поддршка на ЕАМ во однос на нашата политика кон Грција“, туку исто така „за сметка на долготрајната опасност од поврзување на проруските движења во Југославија, Албанија и Грција“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во тој момент сметале дека "Русите само може да седат во заднина и да гледаат како ние ја вршиме нивната работа".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Се изнесува и значењето на одлуките на Второто заседание на АВНОЈ, на кое беше „образуван Национален комитет на ослободувањето на Југославија, како привремена народна влада“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Тој посебно нагласил дека политичкото и военото раководство на НОВ и ПО во Македонија, имајќи го предвид горчливото искуство од минатото и ударите на соседните балкански држави, се залагале и се бореле Македонија да стане "членка на една силна федерација на југословенските држави".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Меѓутоа, како резултат на започнатата размена на мислења меѓу Велика Британија и СССР за повоеното уредување на светот, СССР се согласил да им дозволи на Британците да го преземат "водството во Грција", така што Британците сметале дека Советската влада нема да ги спречува нивните активности во Грција и дека Советите нема "отворено да ѝ ја даваат својата поддршка на ЕАМ".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Забележал дека освен партизанското движење немало ниедно друго политичко движење во Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во однос на оваа цел, на британските експерти им било сосема јасно дека отфрлањето на британската поддршка на Тито „сега или во иднина е надвор од дискусија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Постои потреба за простор кој овозможува слобода на движење во склад со можноста личноста да одржи рамнотежа; и потреба за друг “простор” во кој човекот би можел да ги насочи мислите на она што го работи, без пречки.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Мојот чичко со силен спортски дух и култура, го пренесе скаутизмот од Англија во Албанија и во 1937 година ја претставуваше својата земја на меѓународниот собир на ова движење во Лондон.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И З.З. упатува ревносен поглед кон мравките неоти го интересираа, туку тој повеќе го следеше мојот поглед, секое мое движење во арената.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Но, што се однесува до ставот кон Револуционерната организација и до борбите што во тоа време се разгорувале меѓу Организацијата и врховистите, заклучиле дека, како досега, така и за натаму, нема да имаат ништо општо со врховистите, коишто во “борбата за ослободувањето на Македонија се инспирираат од бугарската влада, коишто гледаат свои цели и не испуштаат ниту еден случај да го исползуваат за државни и партиски цели секое револуционерно движење во Македонија“68.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
И покрај тоа што уште порано, по интервенција на големите сили, Високата Порта ветувала дека секакво движење во Македонија ќе биде задушено со редовна војска и со средства толерантни за вакви случаи, ветувањето не го исполнила.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Кампањата против македонското револуционерно движење во Грција зела невидени димензии.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Тоа особено се однесува на Англија и на Франција, чиј став кон македонското движење во извесна мера се разликувал од чисто непријателскиот став на Германија, па и на Русија и на Австор-Унгарија.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Според тоа, општо земено, судовите не биле погодно место за популаризирање на револуционерното движење во земјата и посебно во Европа.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Бидејќи најлесно можело да се оправдаат средствата ако се каже деке биле дадени како помош на револуционерното движење во Македонија Делчев изјавил: “За потрошени средства за потребите на МРО треба да се сметаат само тие што биле потврдени со печатот на Централниот комитет.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Затоа, сите мерки што турските власти ги преземале против револуционерното движење во Македонија, па и оние што обично во Европа предизвикувале гнасење, во Грција се одобрувале и оправдувале.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)