Најупорните или најгладните од дружината испекле нешто малку месо, изеле колку што можеле со последни сили опирајќи му се на сонот, она што останало го оставиле на двоколка за заспаните. Потоа со слатка ситост заспале.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
По еден или два часа зад полноќ, кога веќе ни месечината го немала она нужно значење на таинственост, далеку и со острината на рабовите забуцана во неподвижен облак како парче на посребрена лопата во сива и лилава земја над самата земја, ридовите се згуснале, биле исплашено и гровнато кртило на непознати животни, речиси повеќе правоаголници, триаголници и искинати елипси на светлост и сенки отколку скаменети крмници со џиновски стави.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)