Да броиш огништа ноќе, некои расфрлани сонца од соништата кога се распалуваат по покосените ливади, косите на косачите кога светкаат на месечина, кога почнува полноќна љубовна игра меѓу две песни: девојките низ некој темен глас кога ги довикуваат своите момчиња и тие кога им одветуваат...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Шетаат девојките низ шумата ко забркани кози... со олкави очи вака.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)