И токму кога решивме да ги изедеме сендвичите што ги носевме и да си отпочинеме изморено од големото возбудување, дедо срипа како змија како да го каснала, ми го подаде помалиот пиштол, го откачи петлето на својот, и викна: - Внимавај, на пет чекори од тебе има мечка!
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)