Да си знаела малку од ова - дедо го тресеше пред нејзиниот нос Светото писмо - тогаш...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Со господски одмерен гест, дедо го свлекува килимчето, и додека опојната пареа ги дразни ноздрите, тој со одолжено, мераклиско „ммм... ја дели питата, парче по парче, оставајќи го во тепсијата најголемото, да ни го слади апетитот.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Дедо го прашува како остана жив, а татко вели: требало да останам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Дедо му на мојот дедо го запалиле кога умрел и пепелта му ја закопале во четири дупки. Не се повампирил.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Самиот долго верувал дека ги знае сите тајни на човечката историја и со таков глас цимолел нешто за вториот живот што Онисифоровото срце пребрзо зачукало, застанало за миг исплашено, пак почнало со удари да ги брои миговите на човековиот век.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Од неговиот старински термос (тој го вика матарка), пиевме вода, а најинтересно од сѐ беше кога дедо го извади големиот војнички дурбин и јас цел час не го иставив од очите.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Дента, веројатно за да добијат во време додека и самите да се снајдат, ни рекоа дека ноќта ќе ја минеме кај баба Санда, и дека дедо го однеле во болница зашто ми се слошило.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Тогаш прв пат имав прилика да вкусам од тој пијалак што дедо го нарекуваше со смешно име - газоза.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Дедото го крева шишето, дува силно во мустаќите, се накашлува.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Баба ја крена в раце како да е годиначе и ја бакна: „Мило на баба, твоето прво писмо со дедо го кладовме на видно место - кај телевизорот - и на сите се фалиме - Мими веќе пишува!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)