дедо (имн.) - мраз (имн.)

Без малку, дваесет години наназад.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Сепак, ни ги купуваше најголемите чоколади, највисоката елка за Нова година и секогаш знаеше што сакаме да ни донесе Дедо Мраз.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Што се однесува до Дедо Мраз, во тоа време ние децата го сакавме како што и денешниве, но малку верувавме во неговата моќ, всушност, во тоа дека може да ни ги оствари желбите што први ќе ни паднеа на ум или што ги влечкавме преку целата година.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ете, затоа не треба да им се лутиме на нашите писатели кои во своите скрибомански кариери изнапишаа илјадници песни за Тито и партијата, а не напишаа ниту една за Дедо Мраз.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ете, затоа не треба да им се лутиме на нашите театарџии кога ќе одлучат да не прават претстави во кои Дедо Мраз ги исполнува сите желби.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Неговата малечка ќерка, желбата што побргу да се приберат во топлиот дом, наместо до Дедо Мраз, ја упатила до Тито - „Те молам, друже Тито, помогни ни!“
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Пеењето ВМРО-вски песни околу накитените елки и чекањето на Бранко Црвенковски да им донесе подароци, зборува дека Дедо Мраз во нашава црна Македонија ниту имал ниту ќе има мандат.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Денес е триесет и први декември. Вечерва Дедо Мраз треба да влезе низ оџакот, во мојот случај прозорецот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Така, јас како мало детенце, си мечтаам дека во дванаесет часот на полноќ, Дедо Мраз ќе ми ја исполни желбата.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Но, меѓу сите овие шарени дребулии, најубав беше чоколадниот Дедо Мраз што децата го ставија под елката.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Мојот мачор... не е виновен. Јас ја изедов ногата на Дедо Мраз!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
И почнаа неволјите. Драган, кој беше главатар на сите деца од зградата, се доближи до елката и убаво го разгледа Дедо Мраз.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Но, кога утредента децата од сета зграда дојдоа под шарената елка, видоа дека големиот Дедо Мраз од чоколадо ја нема својата нога!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
В не веруваше во Дедо Мраз ниту кога беше дете, иако секоја Нова година наоѓаше подароци под елката.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ех, како би бил добредојден еден непостоечки Дедо Мраз да го врати во детството, во она време кога добиваме играчки и покрај тоа што не веруваме во него; кога самото постоење е доволна причина да се биде сакан; кога нашата прегратка е награда за возрасните, а насмевката е топлина за присутните во собата; несмасните зборови се причина за развеселување, a едно одење до продавница изнудува пофалба.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Стави го појасот на панталоните, притисни го копчето на токата и уживај во детството. Искрено твој, Дедо Мраз.“
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
В не се двоумеше ниту за миг. Постапи точно по упа­ тството на Дедо Мраз.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
„Вечната пролет е само комунистичка илузија на Ф. Кастро“ * рече Дедо Мраз кого пак го облекла маркетинг* службата на КОКА*КОЛА некаде во почетокот на дваесеттиот век а и двајцата ги заболе тоа што С.Ајкула Деголка (која патем не се произведува од 1974 год.) може да се вози на три тркала ***
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Дедо Мраз со санка и шишенце КОКА*КОЛА еквилибрираше по падините на покривот и се цедеше во длабочините на олуците и по рабовите на оџаците плашејќи се да не се стопи како дебела илузија додека во подножјето на елката од пластика и трепкалки ги паркираше шарените пакетчиња од фабриката за евтини чоколада вафли и бомбони небаре е нејзин трговски патник а не црвен исполнувач на желби ***
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
- Но штом го вели тоа Дедо Мраз, така е. – дополни старешината.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Не! Не! Не! – Спукоти Дедо Мраз – осаменоста остави ја за другпат.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
А за сето тоа време што се случуваше со Дедо Мраз?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Убавицата сакаше да им одговори кратко и јасно: “Па, ако сакате толку, најдете си некој Дедо Мраз и вие!“.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Па, кој си? - Ме викаат Дедо Мраз.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Дедо Мраз се штрекна. Разгледувај лево – десно, напред – назад, нема никој!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Тоа, тоа! - Или ќе се уверам, или нема да се уверам, оти мислам јас, од Дедо Мраз нема поубав, подобар, подарежлив.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Дедо Мраз ѝ се претставил: - Јас сум светски патник... - Фрррр! – Одговори мечката.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Тоа, тоа! Куклата – убавица беше во состојба на овргалениците во Дедо Мраз, да им истури сѐ, да им го отстапи и последниот залак од уста, само да не ѝ го одземат сопатникот.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Величенствено, нели! - Да – изусти Дедо Мраз безволно и со страв до коски – нема ништо подобро од тоа.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Но сега ми вели нешто, таму сме каде што тргнавме. - заклучи Дедо Мраз.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Со звукот на фанфарите на бината се искачи Дедо Мраз придружен од снегулки, Снежана и седумте џуџиња, Штрумпфови и Штрумпфети, и Мики, и Мини, и малата индијанка Покахонтас, и разни шумски животинки - вистински свет на бајките...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во ваква празнична атмосфера и возрасните се враќаат во сопственото детство, се враќаат од далечната магија, се внесуваат во играта што ја гледаат и во звукот што го слушаат, па со нозете тупкаат во ритамот на песната - Дојде Дедо Мраз!!!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
А ќе стаса ли и Дедо Мраз, со своите еленски стада да расфрла снегулки од торба и да ја види оваа олимпијада? Ене го, вјаса... Ќе стаса.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
- Дедо Мраз, ама не од своето. Тоа е сѐ од нашите селани. Ги соголија и тоа не од сега.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Да, отиде да им го чита писмото на други, небаре тоа среќа им носи... Дедо Мраз, ебаго...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)