Еден ден тој го викна дедо во сарајот и му рече: - Чувајте се.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Само ме чуди, велеше, од каде ветрот на вашите дедовци во овој вагон зашто не знам колку време веќе гние таму, на крајот, ама пак, човек може сѐ да знае?
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Во самиот напад таа се немаше здобиено со повреди, но додека (зад својот гол грб) ги сечела лисиците од изолир-трака со назабениот нож за леб ја огулила кожата од едната подлактица, такашто Френк тивко ги исчисти црвените точки и барички од кујнските плочки додека Џоен ја возеше и тешеше жртвата во остатокот од ноќта, а утредента ја играше својата улога на дедо во тешката претстава на нормалност-поради-децата.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
А тука, уште во подготовката, секоја етапа е преполна со впиени слики: месарот што во бела престилка го мерка рибичот кај кичмата, па вели – „земете го подобро, газда Павле, бутот, преседен е само ноќ“; потоа, месењето леб „на помеко“, со топчиња тесто што дебелички и масни се распоредуваат по обелената површина на масата, за повторно да се спојат во сладострасна, леплива прегратка; додека тестото стасува, месото, во коцки, се брашни со црн пипер, црвен пипер, сол; Потоа боцкањето – топејќи ги прстите, дедо во тестото, сјајно од свинска маст, издлабува кратерчиња за да го смести месото; потоа, на тепсија, во рерната, пастрамајлијата се крчка, бабри, воздивнува.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
И кога дедо Иван се подготви да го каже најинтересното, она за страдањата на неговиот дедо в затвор и за времето на Уриетот, дојде Бојан, носеше кошничка и малечко грнче.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Од кошарката излезе стара жена и писна да тажи, гледајќи го налегнат дедото во дворот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Офицерот, мајор бил, мераклија по жени и голем бекрија, им раскажуваше дедо на другите дедовци во селото.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)