дел (имн.) - бев (гл.)

Дебелите обесени образи во долниот дел беа толку надуени што беше тешко да се поверува дека во нив нема мали магацини за храна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Му беше подготвена мала програма, чиј главен дел беше предвидена вечера со преживеаните париски доброволни шпански борци.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
(...) Велветите живееја во стан на Третата улица во Вест Вилиџ.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Станот му припаѓаше наа Том О Хорган, но тој му го издал на Стенли Амос, кој пак живееше само во задниот дел, (предниот и задниот дел беа споени со полутајни врати), но сиот Томов мебел беше сè уште внатре.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Делот беше обрабен од доломитен клесан камен. Остатокот беше тревник, околу кој беше посаден нискостеблест шимшир.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Времето веќе ја заматило фотографијата, посветлите делови беа избледнети, ние само напразно ги напрегавме очите.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
За некој однадвор, што ѕирка во овој свет од градини, што беше голем два акри и беше опкружен со ѕидови, кои беа обраснати со бршлен, и со жива ограда и дрвја, тој не значеше ништо, но за Милан беше изобилство од интереси, од кои поголемиот дел беа негова сопствена креација.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Самата просторија ако имаше триесетина до четириесет квадрати со тоа што левиот дел беше преграден за кујнски простор од кој се слушаше ропотеа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Со измените и дополнувањата на овој закон кои во најголем дел беа од процедурално-појаснувачки карактер дојде до дефинирање на статусот на јавниот службеник врз основа на работата која ја извршува, како и начинот и условите при пополнување на работно место, дополнително се допрецизираа некои аспекти од дисциплинската постапка, се воведоа одредби со кои се регуира заштитата на правата од работен однос пред надлежен орган во јавното претпријатије, а беа утврдени и случаите во кои може да дојде до престанок на работниот однос.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
1. Откажување на договорот за вработување а) со измените од февруари 2013 година, кои во голем дел беа посветени токму на престанокот на работниот однос, се воведе појаснувачка одредба во однос на елементите кои мора да ги содржи спогодбата за раскинување на договорот за вработување.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Се исправавме конечно, во моментот на „Ever and ever“. Ѕидовите беа бојадисани само дополу, преостанатиот дел беше варосан.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Оваа изложба, со која во голем дел беше исполнета мојата дипломатска мисија, покрај другото, ми овозможи и почести контакти со советниците на претседателот Жак Ширак во Елисејската палата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Собирајќи ги својата чашка и неговата кригла, Азис го поведе зад шанкот каде што зад завесата во задниот дел беше закачен за ѕидот старомодниот апарат.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Нивните животи во еден голем дел беа претопени во создавањето и одбраната на слободната Палестина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со години го следев Јасер Арафат и пред и после периодот кој го поминав близу до него во Тунис и Картагина во осумдесеттите години на минатиот век, како и поетот и Арафатовиот соборец со перо Махмуд Дарвиш, особено по нашето познатство во 1978 година, па с до крајот на неговиот живот...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Будењето имаше два дела: првиот дел беше нормалниот, кога ѕвонарот имаше сосема мирољубив однос.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И војската беше повлечена во касарните. Нејзиниот главен дел беше сместен околу Калето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Голем дел од родителите кои живееја околу гимназијата имаа угледни професии и голем дел беа деца од родители на номенклатурата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)