Понатаму во пресудата се редат веќе познатите настани: ноќта на 29 април, во моментот кога жителите на градот не биле уште прибрани во своите домови, „агитаторите“ се обиделе да го спроведат во дело својот план.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Ни велиш оти си дошол кај нас со љубов и со чисто срце да ни проповедаш за Радосната Вест, како апостол на Христа, најблизок до Учителот во зборовите и во делата свои.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Но сега, повикувајќи ве да истраете во битките свои и да не потклекнете пред душманите што сакаат да ве нема од земјата ваша, сакам да ви го кажам ова: блажени се оние што го љубат името свое, та со делата свои го воздигнуваат, оти така го слават и Бога што тоа име според волјата своја им го дал.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Сочинителот сега, со помош на светиот крст беше заробен во делото свое, а не мушичката чтение што чини!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)