Чувството дека таквата положба не може веќе да се трпи и дека некаков излез мора да се најде, општата омраза спрема Турците, направија целото христијанско население да го прифати оној кој сега ќе му помогне или кој покажува на дело дека сака да му помогне...
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Малку Турците нѐ глодаа и ќе нѐ глодаат, сега па и од него беља, — се жалеа селаните по селата каде зашета Толе слободно, бидејќи аскерот и заптиите од Витолиште не се решаваа да излезат веднаш по нападот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Само ако слушна оти сте им дале еден залак леб на ниа коркаровци, сете ќе ве избеса на сретсело! — викаше еден ден Толе во Градешница, покажувајќи и на дело дека ќе биде немилосрден спрема секого како што е сега немилосрден спрема самиот селски војвода Митре Гулета, на кого пред сите селани му удри дваесет и пет стапови по дебелото месо.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
По кратка расправија за суеверието, решив да ѝ покажам на дело дека е глупаво да се верува во несреќа предизвикана од скршено огледало.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)