Малото не знаеше уште убаво да зборува, но и да знаеше, тоа не го познаваше Толета, та уште кога го кладе на коленото почна да се тегни од него за да оди кај сестричето на Толета, со кое беше оставено денеска да го преседи денот додека да си дојдат мајка му и баба му од работа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Кожите се чуваат во фрижидер неколку дена додека не станат ронливи, а потоа се прави прашок кој се пуши.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Високиот снег надвор беше стврднат како чкор, а месечината така блештеше врз него што се гледаше сета нечистотија со која белината беше испрскана во деновите додека нов снег не паѓаше, а стариот не се топеше.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Заморното во оваа појава што му ги дразнеше нервите беше тоа дека ова со кучешкиот измет се повторуваше секој ден додека најпосле, по три-четири дена, кучето не липса.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Во деновите додека се одржувал Конгресот, на 4 мај 1903 во Баница-Серско бил убиен еден од најистакнатите раководители на ТМОРО Гоце Делчев.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ И КРУШЕВСКАТА РЕПУБЛИКА
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
А колку силно биев и се плашев да не „излезам надвор од тебе” оној ден кога од радост ти се израсплака, гледајќи се на првото место на списокот од тестовите за приемен?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
А какво стуткано и кутро бев оние денови додека ги очекувавме резултатите? Си спомнуваш?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Еден ден додека се печеше на сонцето потпрен со грбот на колипката и дремеше, чу плискање на весла и доаѓање на чун; потоа виде како низ трските се пробива кон него некаква жена облечена во црно.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Тие неколку дена додека бевме во Будимпешта кај Христина, всушност бевме во Бесвина кај Скендерови.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Сите овие денови додека го чувствуваше писмото во пазувата тие тие напињаа, ама не пробија. Сега двете очи се одзатнаа и џуркат.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Во сите денови додека се тегнеа на кај Македонијата таа ја праќаше Чана да се распитува по другите вагони.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
А, згора на тоа, бев сигурен дека наставничката Трпана малку ќе ми прогледува низ прсти тие денови додека моите беа на пат, водејќи сметка за „нарушувањето“ на мојот живот без родители.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Еве што ми остана во паметењето: оној ден додека ја отворав вратата за да си заминам.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Кога се свртив навистина забележав дека седи загледан во хартиите пред себе, фрлајќи на подот понекоја од нив.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Но тоа беше мојот впечаток во деновите додека се запознававме.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)