На нашите чорбаџии нема кој да му и пасе овците, говедата, свињето, а сиромасите нема шо да и ранат, та така од волкаво село од двесте куќи, одвај дваесет триесет деца одат на училишче.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Повторно ѝ се радуваа мајсторите: казанџиите, налбатите, столарите, касапите, тенекеџиите, со умилност ја гледаа чираците, а ние децата одевме по неа и не слушавме крици од птици пред заминување, туку слушавме умилна песна што извиваше од нејзината уста, а од песната пркнуваа светулки и надлетуваа над бавчите, на Кафтан маало и исчезнуваа над лозјата на Кумлако и Мерите.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Онисифор Мечкојад не го чул како ни тој што не го чул чкртањето на здружените двоколки по чиј ред жените и децата оделе до Бекирова ливада. ...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ќе те турне Јаков в пекол, само малку да пооздрави, ќе видиш.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ние децата одевме во Долно Маало кај неа да гледаме како го прави.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Во меѓувреме, накратко го учев занаетот на американскиот филм.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Кога како дете одев во хипи продавниците за плочи, со другарите секогаш ги баравме најнеобичните работи до кои можевме да дојдеме, без разлика за што се работеше сакавме да ги истражуваме крајностите. ?
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Дури и кога Британците постепено го заземаа студиото во Излингтон, камерите беа американски, проекторите беа американски и лентата се викаше Кодак.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)