- Па денешните 12-годишни деца се сексуално пообразовани од нивните родители. - Така е.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Децата се и адвокати, и одборници, и началници, и капетани: пливаат бродови и подморници во нивните умивалници.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Марија, ѝ реков. Децата се садисти. Нашиот син ужива во туѓа болка.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Јосиф воздивна тешко:
„Децата се негови, негово име ќе носат.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Коренот и огништето на децата се градите на мајките!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
- Добро де, на вистинско место сте, еве ви ги моите деца. - Вашите деца се мечиња.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Отиде Иљо и по две недели си дојде и рече дека стаса во Дуреси – град и го најде местото каде беа дечките и дека само ноќе и скришум едно два-трипати се виде со Евгенија, која беше најстарата жена одговорна за децата, негователка, како што се вели сега за жените кои се грижат за децата и дека таа му рече оти сите деца се живи и здрави, сите се испрани, чисти, нахранети и мајките и татковците и бабите и дедовците, да се живи и здрави, да не се грижат и да не берат гајле и од сите до сите таа прати многу многу поздрави.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Децата се среќни во виртуелен свет на школо се активни, добивајќи пет па пет...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Ѝ велам: „Мои деца се тие. Сакам да ги заштитам!“
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Велеа: човекот не е птица. Авионите се за летање, а децата се за да викаат: Чичооо, пушти летки! Лет, лет буба маро...
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
- Што ти е, Малинке? - прашува мама. - Сите деца се лоши!
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)