Како дете тој бил многу пргав и непокорен, правел многу белји, та татко му честопати морал да го казнува и со ќотек.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
А во училиштето исто така бил прв.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Камилски, како докажан познавач на психологијата на детето, беше готов да продолжи да ја разработува темата на балканскиот инает, но Татко, гледајќи во саатот, му предложи тој тоа да го напише и објави во научен труд, иако обајцата беа убедени дека никој не би прифатил, од идеолошки инает да печати негов научен труд.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски ja чувствуваше мошне блиску темата на инаетот, како психопедагог, a со поговорката што ја кажа, за таткото, мајката и децата тој целеше кон едно од главните обележја на балканското патријархално семејство, во кое владееше ригидноста на воспитувањето во реската поделеност на родителскиот авторитет и детската послушност, како два облика на инает, кои се формирале помеѓу двете генерации.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во неговиот град никогаш не врнеше снег, како дете тој само го гледаше оддалеку на високите планински врвови околу Тарс, но вистински го запозна дури кога се најде овде.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Го паметам како добар човек и уште подобар шегаџија. Не знам дали неговите шеги беа толку шеговити и секогаш нови кога ги правеше со возрасните, но нас децата тој секогаш знаеше да нѐ изненади и да нѐ засмее до пукнување.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Кога ќе се повлечеш во мирен живот, денот е блесок, кога си дете тој е мошне бавен. Како би го минувале своето време кога би се повлекле и кога би имале доволно пари? Би читал весници.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Во својата потгодишна работа на книжевното поле, покрај песни за деца тој пишува и песни за возрасни и ги објавува во списанието за уметност, наука и општествени прашања “Новден“.
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Немаше дете тој час што не се помести од стројот, што барем еднаш под влијание на Трифун Трифуноски не замавна со рака.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)