дете (имн.) - мој (прид.)

Смешно, ќе ви се насмевнам в лице ако ве има, со презир и похота, со грч во срце што како клопче го собирам, иронично ќе ве исмеам, зошто вие не сте ми поважни од децата мои...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
– Се разбира, дете мое, ние не убиваме кози. – Нема да ги одведете со вас? – Не, не, само ќе извршиме мал попис! – заврши шефот и го погледна вториот член од комисијата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко ми ги запре: – Чекајте, деца мои, смирете се, да почекаме, не излегувајте први!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Како што го учеа во училиштето, Гоце стана и почна да рецитира: „Ти на школо тргна дете мое мило, честито, честито, честито ти било!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Учителот нѐ собра и ни рече: - Деца мои, пред вас овојпат стои тешка задача.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Жив ли си, учителе? - Да, деца мои, жив сум и радосен што слушам вакви работи за вас.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Лелее, јас сирота шо су дочекала, детето мое од мене да бега! — и почна да плаче пред него и да крши прсти.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ами јас ви кажа, ефенди, за овчарите мои, за татка ми, и за децата мои.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— А бре, кажуј каде се комитите, та не продавај маслава ти тука! — се издере сега онбашијата сиот претворен во ѕвер и почна со двете нозе, едно за друго, да ги клоца: и Бојка и стариот Јована.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Токму така, деца мои, се случи во мојот живот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
„Све биде добро, дете мое. Ти ништо не грижи.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И пак така кротко и благо ѝ вели таа на Севда: „Зошто мори, ќерко, не го сакаш детето мое?
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Тој клекна, ми го зеде лицето меѓу своите дланки и рече: „За какво собитие говориш, дете мое?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Грахм, деца мои љубопитни, како да ви кажам?
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Јас, која треба да ги лекувам пациентите- не ја чувствувам сопствената душа -сè заборавив- што сум јас- извршителка на должности- должна сум наутро да ги облечам и да ги нахранам децата-должна сум во седум часот да се јавам на работа-должна сум да давам дијагнози-должна сум да лечам-должна сум да водам љубов со маж ми-моите деца моите пациенти мојот маж-зошто ги нарекувам мои-неподвижна седам пред телевизорот-се дава некој глупав историски спектакл-мажот и децата ѕурат во екранот-мракот ме одвојува од нив-мракот ме носи во големата сала-исчекувам ли нешто-редици од свеќи-свеќи танчери-запалени свеќи-прегорени свеќи-студено ми е-толку ми е студено-кој ќе ме стопли-кој ќе ме извлече од овој подрум-само да се помрднам-да побегнам-да исчезнам-јас тука се убивам-боли ме боли-телото ми е претешко-ми треба воздух-да се одлепам-само здив-не можам-не постојам-пропаѓам-помош-помош-помош_
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
А Темелко, дете мое, е другарот М., чие име го носи вашето училиште...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Кај што стана радоста во куќава моја, мислам дека деца мои ми сте. Како од срцево да ми сте откинати.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ако е мала утеха за твојата болка и двете деца се сместени во добри семејства. Толку од мене, дете мое.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Добро утро Добро утро, дете мое мало, ајде стани, љубов моја.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Што ќе ги јадат некои, нека ги изедат децата мои.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тоа е највозвишената сила на ангелот кој те чува, дете мое.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
„Доцна е!“ се обиде да ја расчисти дилемата што си ја постави, додавајќи: “Можеби животот е само одглас на кажаното”: (Прости ми, дете мое.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Жената и децата мои, пилците мои, да бидат спасени”.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во името на сите свети племиња Се колнам – ова се денови луди Дете мое неродено и неименувано Пред да бидеш каменувано Сакам да знаеш и да не те чуди Оти подобро се живее во блуд Отколку во заблуди! 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Слушајте, деца мои, вчера јас напишав уште една таква фантазија, - од циклусот “Блескави Езера”.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Се слуша само неговиот глас – топол баритон: - Воведете го, деца мои.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Мајорот без збор ми подаде хартија и пенкало, велејќи: - Повели, педи му11 (дете мое), врати се во прегратките на татковината.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
„Па, деца мои, јас успешно сторив тоа што го наумивме со Мирјана“ - рече дедо Владимир, од внатрешниот џеб на палтото извади плик и го кладе на маса.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Јау, судбино, леле, Гранада, чавален, деца мои, да не се видам око си вадам.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Го испратив детето мое да му посака едно парче железо од осумнаесет сантиметри должина... Купено, ја. Со пари...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Пела со восхит зборуваше за учителката, за неа таа била друга Богородица, сите дечиња за неа биле деца мои, исто како што ги нарекуваат нивните мајки, ја слуша и открива дека гласчето ѝ е милозвучно, лицето насмеано и мило, а тој само понекогаш ќе речеше дека не знае каква е неговата учителка, дека за тоа и тоа тие досега не зборувале, или дека нему подобро му е крај големата река отколку да оди на училиште.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Во писмото ништо немаше за детето мое.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)