Ја остави прачката во долапот, како да потпевна прачка имам камен немам, па ја бакна мајка си в чело и цел ден и цела ноќ попусто чекаше да му подари солза радосница.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
МАРА: Еее... и ние го имаме детето таму, море биро.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Тогаш им зборуваше за она момче кое загина во Сплит и од нив бараше повеќе да не ги испраќаат своите деца таму да гинат за нечии други интереси, во некои краишта што веќе не беа нивни, туку туѓи.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Одевме и во болницата. Многу деца таму си ги најдоа своите татковци или постари браќа и сестри.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Потем сал туку се излежуваше по дома, си остана младоженец без невеста, едно време се пушти глас дека станал акробат и ноќум одел по жица како месечар, филистејците се такви, на спасителите им подаруваат осаменост, им го нудат и кошмарот на заминувањето од родната грутка – барем сега не се талка со месеци по морињата до Австралија и Нов Зеланд, а ако е до пустини и таму има пустини, но децата таму не чуле за прачки, не виделе дренки и шумски малини, децата таму се далдисани во компјутерски игри.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Стомачето имаше гарсониера покрај Вардар, па детето таму си живееше.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)