Но жена му Профимица го успокојуваше: „Не брани им на децата нека се земат“.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Само продолжи така; кај Надежда на кафе; со другарка ми Славица одам да прошетам низ населба; со другарка ми Софија бев во „Багдад кафе“; ќе појдам до кај сестра ми... а децата нека прават што сакаат, секое на своја страна.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Нека ги денес. Ќе копаме сами, ти и јас, а децата нека ја запознаат Елена со планината. Денес ни е празник.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Барем децата нека знаат, барем тие не можат да ме прекажат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ти си крива, ти велам јас, ти за сè крива!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)