Зар да го осудиме принцот на Честољубието Ние што знаеме од најрано детство Дека речиси на сите паметници на великаните Високо кренатата рака од бронза Иако празна нѐ храни со надеж!
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Не знаејќи што да прави, почна да ја корне тревата пред себе, но тоа само го потсети на верувањето од детството дека тоа носи дожд, та уште повеќе се изнервира и очаја поради што почна да бара спас во нанесувањето бол на самиот себеси: силно се удираше по бутините, по колениците, во слабината, по главата, се штипеше.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)