Го третира стилот како утопија сам по себе – колку и да е ужасен некој конкретен стил и колку и да се фрапантни општествените значења што можеби ги кодира во даден контекст.274 При тоа одбивање некој туѓ или надворешен вредносен поредок да ја деконцентрира од некоja естетска обземеност, па бил тој и поредок на напредни политички вредности или особено ако е таков, камп-културата се впушта во сопствен вид општествена критика, во сопствен вид бескомпромисна одбрана на фантазијата и на задоволството, а со тоа и во сопствен вид политички отпор (тоа е една од пораките на Пуиг во Бакнежот на жената пајак, исто како што е и една од пораките на Сартр во Сен Жене).275
И вкусот и невкусот имаат важни, иако различни, улоги во машкиот геј-естетизам.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
5. Уделот во друштвото, согласно дефиницијата во Законот за трговските друштва (Сл. весник на РМ, 28/2004), претставува севкупност на права и обврски кои содружникот ги стекнува врз основа на влогот во основната главнина во јавното трговско друштво, командитното друштво и друштвото со ограничена одговорност, при што секој содружник има еден удел кој не може да биде претставен во хартија од вредност.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Без баш да ја помеша таа вредност со убавина, тој, сепак, ѝ дава значителна естетска вредност, опирајќи му се на секој начин на оценување што би инсистирало да се примени врз предметот построг, посериозен или посодржински склоп од надворешни стандарди, било морални, било естетски.
Камп-сензибилитетот така го оправдува „светот како естетска појава“ (нешто што Ниче сметал дека може да го прави само грчката трагедија или Вагнер).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Негувањето на добриот вкус им е дијалектички спротивно на кампот и на неговата восхитеност од лошиот вкус, неговата љубов кон естетската катастрофа – дијалектички спротивно, велам, затоа што добриот вкус и невкусот нужно упатуваат еден на друг, а едното го имплицира другото и едното постојано ја приспособува сопствената дефиниција во однос на другото.
Самиот вкус, бил тој добар или лош, е бесмислен без скалило и мера за вредност, без степени на префинетост и распознатливост.276 Во естетизмот е вграден одреден снобизам, со цело множество аршини, критериуми, судови и перцепции, со обиди да се распознае подоброто од полошото, згодното од одвратното, оригиналот од имитацијата, реткото од вулгарното.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)