Сужните ги втераа во еден од авурите и ги затворија заедно со дванаесетте коњи; им дадоа пак по парче леб и по некоја голтка вода и им ги заклучија рацете, врзувајќи ги крајните синџири за по еден од диреците на јаслите.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Колибата ја сочинуваа две одделенија, надворешно, мошне пространо, со сосаци и амбари покрај ѕидот, во кои се сместуваа житото, компирите, кромидот, а по диреците на клинови висеа торби во кои можеше да се најде грав, просо, лук, брашно и други потреби.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Извишена сама крај езерото, чиниш, цапната во него; над првиот кат е кренат уште еден кат, но поголем и поширок од него, наддаден од сите четири страни како да си ставил поголема коцка врз помала; покривот четириводен собран во една точка, во еден врв на кој има дрвено дирече останато уште откога е градена куќата за врзување макара и за кревање материјал за покривот; на диречето е вкрстена штичка, но недоволно е прикована, така што, при посилен ветер, се исправа и со диречето на кое стои - прави крст; кога запира ветерот, штичката пак се спушта надолу.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Троа мака, троа зорт долни крај, ќе си постенкам, ама баре дирек на куќата ќе си остава.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Уште во истиот ден тие го осигурија овој мост и за подобра сигурност да не премине непријателот преку река, од каде што му се даваше можност да се развие во борба по широките лаки и да победи, фатија та ги насекоа сите диреци на мостот на педа- две во водата, оставајќи ги одвај да се држат.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)