Не можеше да добие диплома, да матурира; на разговорот со директорот беше дрзок, и на овој му попуштија нервите, оти во есејот Лудвик беше направил некои неумесни асоцијации и за него, и за неверството на неговата прва жена.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Канцеларијата на директорот беше на првиот кат, над мезанинот.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Мака ќе имате со него!“ директорот беше разгневен и строг.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Во периодот 2010-2014 година преку законите кои претходно не беа анализирани во студијата дојде до следните две поважни намалувања на правата на работниците во однос на остварувањето на правото на штрајк: прво, на припадниците на судската полиција им беше наметната обврска да штрајкуваат на начин на кој, меѓу другото, нема да се нарушува редовното извршување на работата, а со што фактички дојде до негирање на нивното право на штрајк и, второ, во основните и средните училишта директорите беа овластени, за време на штрајкот, да обезбедат замена на вработените кои штрајкуваат.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Верувам - знае, ама нејќе да рече.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)