Тој зборуваше со голем занес, како пред катедрата пред некогашните студенти, како при одбраната на својата докторска дисертација во Сорбона.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И најпосле започна најзначајниот настан во животот на Климент Камилски откако се врати од Голи Оток кога требаше да ја покаже со Татко, како сојузник, својата полезност за човештвото, посебно во доменот на воспитувањето на детето, неговата тема на животот и одбранетата докторска дисертација во младоста.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски по одбраната на докторската дисертација во 1936 година на Сорбона, во зенитот на својата револуционерна младост, ќе замине како доброволен борец во шпанските боишта на страната на Ла Пасионарија, горд што на истите боишта ќе бидат и Андре Малро, Орвел, Хемингвеј и многу други славни личности на времето...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски наоѓаше врски помеѓу јазикот и кујната, зборот и вкусот...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)