Овие лица се должни, во вршењето на својата функција или должност, да постапуваат совесно, стручно, непристрасно, без дискриминација или повластување на кого било, со целосно почитување на човековите права и слободи и човековото достоинство и без никаков личен интерес (чл. 37, ЗСК).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Избран или именуван функционер, службено лице и одговорно лице во јавно претпријатие, јавна установа и друго правно лице 98 што располага со државен капитал е должно вршењето на својата функција или должност да го подреди на начелата на законитост, ефикасност, доверба, независност, автономност, чесност и професионалност.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Посебните мерки може да бидат позитивни, охрабрувачки и програмски и истите се преземаат со цел да се надмине постоечката неповолна меѓусебна општествена положба на жените и мажите, а која е резултат на систематска дискриминација или структурна родова нееднаквост произлезена од историски и социо-културни околности.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Законот во својот шести дел предвидува и правна заштита на правото на еднаков третман на мажите и на жените со поднесување на претставка пред застапник (вработен државен службеник во МТСП), Народниот правобранител, Комисијата за заштита од дискриминација или надлежен суд.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)