Заземајќи иронична дистанција кон етичко-политичката вредност на сериозноста за која толку јако се држи Зонтаг, кампот му наметнува темелен политички предизвик на она што обично важи за политика.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Доколку имаш само малку поироничен однос кон светот на медиите ќе имаш и дистанца кон сѐ, а тоа е важно.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Ставајќи сѐ во наводници, особено сѐ што е „сериозно“ – а со тоа отворајќи пресуден јаз помеѓу глумецот и улогата, помеѓу идентитетот и суштината – камп-иронијата овозможува да се добие некаква дистанција кон „твоето“ себство, кон „себството“ што општеството ти го накалемило како твоја автентична природа, како твое битие.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)