Дишењето ѝ го сеќавав со сите пори: - Танцувај. Танцувај за мене.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
И наеднаш се оддалечи, замина негде не само со поплаките туку и со гласот, и моите зборови повеќе не ја престигнуваа; ми се чинеше дека попусто ги арчам, дека попусто се трудам, па затоа и се чувствував заскитан сè додека не почувствував дека нејзиниот глас се враќа, дека дишењето ѝ се забрзува, а челото, до тој момент речиси суво, наеданаш се ороси со студена пот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Дури потоа ги отвори очите и ме погледна толку изненадено што се чинеше дека за прв пат ме забележува.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)