дијалог (имн.) - кој (зам.)

И така, во тивок занес, во дијалог кој го надминуваше интелектуалното ниво на двајцата балкански автодидакти, посебно во доменот на лингвистиката, минувајќи крај последните дуќани и занаетчии, крај џамии и анови, стигнаа во срцето на старата чаршија и тука влегоа во една чајџилница спроти Мустафапашината џамија, од чиј шадрван во градината жубореше водата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Постои дијалог кој е во тек и во кој различните идеи и перспективи продолжуваат да се одвиваат помеѓу дисциплините на когнитивната психологија и AI, при што повеќекратно позајмуваат едни од други и взаемно се стимулираат.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Овде се служел само чај, еден од најдобро подготвените во чаршијата, со посебен ритуал и уметност на служење, во табли, тепсии или посебни послужавници подавалници...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ова не го потпомага дијалогот кој е потребен за технологијата да стане проблем со кој ќе се бават нашите луѓе, ќе се зафатат со него на еден рефлексивен филозофски начин.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)