Од 1911 до 1940 зимите ги минува во Берлин, го црта и слика градскиот полусвет; почнува да црта на јапонска хартија. 1913-15 како цртач во една експедиција по Јужното море патува низ Русија, Сибир, Кореја, Нова Гвинеја и води еден вид дневник во цртежи, акварели и масла.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Радувај се мамо! Пред себе ја гледаш твојата ќерка како наставничка со дневник во рацете.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Го стави дневникот во фиоката. Беше сосем бескорисно да помислува да го скрие, но може барем да знае дали неговото постоење е откриено или не.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
БОРИС: Значи ти размислуваш. (Пауза) Јас имам доста интересни размислувања во моите дневници. Пишував дневници во затвор.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Излегувајќи на одмор во ходникот на училиштето ја здогледав Вера. И тоа со дневник во рацете.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)