Од сите страни на паркот стари згради со иста висина што зборуваше дека во добата кога тие биле изградени архитектите си ја завршиле својата работа без ниедна грешка.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Бевме во добата на невиноста, во која кога ни се упатени срамежлив поглед и затскриено искажан копнеж, тие предизвикуваат ерупции во нашата душа, под тенката и нежна телесна обвивка, доба кога душата и телото се сѐ уште поврзани во едно; добата на невиноста, кога возбудата не знае дека еден ден ќе се претвори во рамнодушност или во нагон за задоволување само на телесните потреби, а тогаш, дури и кога ќе успее во себе да вткае страст, нема да има ни способност ниту пак желба да го претвори мигот на уживањето во малечка вечност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Само ако чекор мрднеш оттаму, жива не остануваш.’ И младата жена, тресејќи се од страв, ветила дека целиот утрешен ден ќе го посвети на перењето алишта.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Во илјада осумстотини триесет и петтата, во доба кога јавачите на апокалипсата биле вечни и достојни на обврските и кога толпа тврдоглави Кукулинци терале спрегнати двоколки преку планини и беспатици да донесат од крај свет камења за ред воденици, Јаков Иконописецот го запалил богољубивиот Круме Арсов но најдивите од дружината го зграпчиле пироманот и го обесиле.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Чувствувам дека ќе заспијам, дека капнат, рано, веднаш ќе заспијам, но се тресам од помислата дека, како многупати, рано ќе се разбудам, во она глуво доба кога петлите ја прават паузата по второто пеење.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Кај жените се вратиле во она полумрачно доба кога духот на исчезнатата светлина сѐ уште скита над полињата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Во неделите не одев во домот на Рајнер, затоа што дома не знаев како да се оправдам, бидејќи тогаш библиотеката беше затворена за читателите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)