Сега ќе е најарно да го стиснам челото на влажно студено шише, или мирно, пред огледало, беспрекорно да ја врзувам околу врат сината кравата, или полека, по танка кошула, да чекорам под дожд кон оние маслинки во паркот.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Кога нашите очи за првпат се сретнаа во препознавање, се сетив на Париз и долгите мерцедеси кои пловеа низ дождот кон Нотр Дам; мобилни стакленици, со јапонски физиономии зад стаклото и стотици никони кои се дигаат во слеп фототропизам, цветови од челик и кристал.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)