дожд (имн.) - и (сврз.)

Откако ќе го одминевме Театарот, стапувавме во тогашното Еврејско маало и ќе се најдевме на подножјето на блискиот рид, пред нас неочекувано се извишуваше ребресто исечената глинеста утроба на ридот во која времето длабеше низ помеките делови, особено по големите дождови и поплавите на реката, па создаваше длабоки, кривулести пештери, од кои беа изградени сегашните скривалишта за заштита од бомбардирањата и другите напади врз градот...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Фатија пролетни дождови и компирите поникнуваа бојни како бозе, ќе речеш божем преку ноќ се накренале од земи како космати борачи и сега тука се борат во бавчата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Преку целиот ден најглавна грижа му беа дождот и снегот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Виножито, на солзите дождовни распрскување маглина од дожд и сонце, и пурпурна пајажина на небото што се влече од крај до крај, возбуда, среќа, во овој неспокоен крај.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Како пара од огромен казан, над Водно се пластеше густ сињак, се лелееше по модрите ридишта и заплашуваше со дожд и студ.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тежината и леснотијата на животот, сплетена во активностите на дождот и во секојдневностите на луѓето, беа само едно обично полнење и празнење на енергии и ништо повеќе и ништо помалку од тоа.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Јаков во младоста спиел на папри под дожд и се молел да дочека старост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ако Онисифор Мечкојад можел да е прв во тврдоглавоста, Онисифор Проказник стоел веднаш до него, да сраснат еден во друг, да се скаменат, да станат еден варовник од некогашни два живи облика, подоцна, многу подоцна да ги подлокува безнадежен дожд и да ги напукнува сурова жега.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Останал сам, никој не му се придружил за враќање. Продолжувало.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јаков Иконописец, сега со мудречка неизвесност на лицето, жолтеникав и мал, премал и за бостанско плашило, ги подал рацете кон петте сонливи старци што се доближиле со израмнет чекор. - Одбранете ме, стриковци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Надвор плискаше дожд и ги миеше камењата а нивната чистота сѐ појасно се покажуваше во бербатната вода, собрана во шеталиштето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Денот фати суснежен дожд и ни дадоа долги гаќи, нови чорапи и по две цигари. Јас оти не пијам тутун, цигарите им ги дадов на Витомир и на Гошета Љубин. По една на секој.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не ќе се предадам, шепоти или мисли и чека и другата судбина да го охрабри со нешто од својот живот, настан или име или што и да е, а до неговиот слух, достасува само шумолење на дожд и пак - квичење, потоа тажачка на животно.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Од покривот шеташе со очите наоколу радосен како првпат да го гледа просторот што му се откриваше, измиен од дождот и блескав како при првиот ден од создавањето на светот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
2. Дожд и град, тап едноличен далечен мирис на непознати планински билки.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Отец Симеон и Иван останаа сами на дожд и се испитуваа - кој си, што си, беа суви.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Беше ноемвриска ноќ. Врнеше студен дожд и мислевме дека на таков начин полесно ќе се пробиеме.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тие денови во Долнец заврна со ветер, а Симон стоел на дождот и на ветрот на онаа карпа над езерото, чекајќи да загризе рибата. Донесе неколку мренки.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Од лево и од десно, од напред и од назад, се здадоа гласови Каде стигнуваат другите што се обесуваат на возовите како црни мадиња? или нас сакате да нѐ заборавите тука? да нѐ оставите со ветриштата и виулиците, со дождовите и со жештините? да нѐ оставите да нѐ смукне оваа проклета рамница како да сме изгниени мушмули?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Кога ќе узрее од онаа страна пак ќе пристигнат дождовите и земјата ќе не замоли да ѝ ги отстапиме. Земи ги, ќе речеме, земи ги, и дождовите се твои и плеќите наши ќе бидат твои па утре на помеко ќе си ги оставиме.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Скоро ќе пристигнат и дождовите и ќе нѐ замолат да ги засолниме под нашата кожа.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Се печеа на сонцето во жешко време, се пикаа еден во друг кога ќе застудеше навечер, се покриваа со ќебиња и мутафи кога ќе заврнеше дожд и стануваа жива вода; кога ќе заплускаа громови крај нив, се крстеа и го молеа бога да ги одминат; дење ловеа риби, ги следеа со очи облаците кои се згуснуваа и разретчуваа, го гледаа нивното престорување во некакви чудовишта и нагаѓаа ќе има ли дожд или не; го гледаа сонцето кое час се заплеткуваше во облаците, час подизлегуваше за да светне и да покаже дека е тука; ноќе пред за заспијат гледаа во ѕвездите, кои како што одминуваше ноќта, сѐ повеќе се намножуваа и стануваа поголеми и како да се спуштаа надолу; ја гледаа месечината која секоја ноќ се тенчеше и го изоструваше својот светол срп триејќи се од облаците; го слушаа секој шум на водата што во ноќната тишина јасно се разносуваше час потивок, чад посилен и по него дознаваа дали езерото ќе се вознемири или не.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Плуснаа првите есенски дождови и лапавици. Жолтите лисја паѓаа по земјата и ја постилаа.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Слегол од амбарче Силјан долу и тргнал за дома да си влезе, чунки рано било и малку времето расипано со дожд и лапавица, била уште баба Марта, та домашните си седеле крај огон и си се грееле.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
„Престанува, престанува!“ „Да, да!“ Маргот стоеше настрана, подалеку од тие деца што никако не можеа да се сеќаваат на времињата кога немаше дожд и дожд и дожд.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Стоеше, изделена, ѕурејќи во дождот и шумниот мокар свет отаде големиот прозорец.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И, уште долго, единствените денови кога излегувавме на прошетка беа деновите кога врнеше дожд и немаше сонце.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Надвор врне дожд и прозорците се влажни.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Во Крапиштето направи колиба колку да се заштити од дожд и ветер и да се замаскира од многубројни езерски птици што тука живееја.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Скокна и жена му исплашена од постелата, и стрчнаа обајцата надвор; надвор ветерот почна да ги турка опсипувајќи ги со дожд и со водата од брановите што се кршеа од ѕидот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
По нас плачеше и времето: врнеше и дожд и снег.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тукушто поминаа дождовите и сонцето почна да ја грее земјата, да ја вари како во казан, стаса поморија по рибите: осамна езерото со илјадници збрлавени риби што водата ги изфрлуваше на брегот; скокаа рибите низ песокта, прпелкаа се превиткуваа, замавнуваа со опашката, ја тресеа главата, ја закопуваа во песокта за да ја столчат, да прекинат со овие грчеви; умираа со подзинати усти, со испуплени очи; од мевот им се цедеше недоисфрлената икра.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Каде пред оваа маса пред овој памучен хоризонт без линии пред ова темно месо на земјата и ноќта измешано длабоко место и густо наеднаш поплава на очите и на просторите смрт Каде о каде ти јас ти море шумно и бескрајно ти монотоно поле хоризонтално уморено желно за исправено ветровито разведрување Каде о каде ти тесто густо на дождот и земјата човеку јас камену во рацете и во очите кал
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Брадестите бурлаци запинаат да ги повлечат нанапред уморните октомвриски дождови и сѐ туку се допрашуваат онака на кирилица - тагата превртена наопаку радост ли се вика?
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Тие се жртви на индустрискиот развој, на кисели дождови и непланско сечење. Во Западна и Централна Европа - вистински погром.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Од есенските дождови и слана ќе падне листот, па ќе извршиме есенско кроење и заштита на коренот.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Да им е топло - си велеше - да не им се водени нозете кога ќе одат по дождови и снегови.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И дење и ноќе и под снег и под дожд и по виулица и магла треба да знаеш да ја растуриш и да ја наместиш пушката...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Си паѓа дожд и снег, снег и дожд, лапавица.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А нѐ тепа дожд и лапавица.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)