Дали од дождот или од тежината лицата им се искривени и побелени.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Не возеше кола, како на пример Влатче или Тодор, в канцеларија доаѓаше пешки, понекогаш кога врнеше дожд или имаше напаѓано голем снег, доаѓаше со такси до канцеларијата, кое со оглед на големината на градот не можеше да биде скапо.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Се печеа на сонцето во жешко време, се пикаа еден во друг кога ќе застудеше навечер, се покриваа со ќебиња и мутафи кога ќе заврнеше дожд и стануваа жива вода; кога ќе заплускаа громови крај нив, се крстеа и го молеа бога да ги одминат; дење ловеа риби, ги следеа со очи облаците кои се згуснуваа и разретчуваа, го гледаа нивното престорување во некакви чудовишта и нагаѓаа ќе има ли дожд или не; го гледаа сонцето кое час се заплеткуваше во облаците, час подизлегуваше за да светне и да покаже дека е тука; ноќе пред за заспијат гледаа во ѕвездите, кои како што одминуваше ноќта, сѐ повеќе се намножуваа и стануваа поголеми и како да се спуштаа надолу; ја гледаа месечината која секоја ноќ се тенчеше и го изоструваше својот светол срп триејќи се од облаците; го слушаа секој шум на водата што во ноќната тишина јасно се разносуваше час потивок, чад посилен и по него дознаваа дали езерото ќе се вознемири или не.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Така велиме за тој (тие) со кој (кои) заедно бевме во строј, во долгите ноќни маршеви под дожд или снег, во рововите и бункерите, во влажните и студени земјанки, на боиштата и заедно долги години ја голтавме горчината на поразот, искоренувањето и туѓината.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Не е исто да се клештиш на дожд или на сонце.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Облак не зборува, си мислам облак може да грми, може со дожд или со град да те удри, ама не зборува, си мислам, и ја поткревам главата нагоре.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)