За миг, чиј живот е долговечен колку и една искра, колку и светлоста на ѕвездата со бела опашка, минаа пред неговиот вид призраците на една иднина независна од него: Јана со набрекнати дојки и детска количка пред себе, и тој, Иван сиот покриен со мирис на пелени и загорено млеко, и дождалците зад широкиот грб на богот Мирон, и брат му со нова и тешка кожена торба под мишка, и тие, бројките од Нојовиот ковчег, весели и насмеани победници над една рапава смеа.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)