допир (имн.) - на (предл.)

И насмевка, баш при допирот на ѕвездите - за да можат луѓето долу да пресметуваат на првите дигитрони колку благост збира во една обична насмевка за која се знае дека не се купува на пазар, не се позајмува и не се краде, туку само се подарува.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
1 Го оставивте пуст патот на нејзината тага избегавте од допирот на студените прсти па сепак навраќавте верувајќи дека ја нема за да го чувате трагот што останал можеби по неа.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Јарки се боите на сликите од првиот допир на македонскиот поет, од неговата прва средба со нив под небото на неговата татковина.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ќе му кажеш ли „не“ на допирот на ветрот, кога низ тебе беснеат бунтовничките ветрови?
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Сите што сме собрани тука имаме по еден Патрокло потопен во конечната осама, што безгласно тежи по сонцето, под кое би надничел деноноќно само повторно да го проучува допирот на зракот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Таа мисла и допирот на неговата рака ми помогнаа пак да заспијам, овојпат поспокојно.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Во тој миг да ни кажеше некој дека тоа е нашиот последен миг на земјата, а дека потоа зад нас нема да остане никаква трага, тоа немаше да нѐ оттргне од нашиот занес, затоа што верувавме дека она што е меѓу нас, она што од нас двајцата прави едно, е вечно, и дека, ако ни биде одземена материјата, сепак ќе продолжиме онаму каде што силите на природата и законите на трошноста и минливоста немаат моќ, и каде што човечката душа е посилна од сите небесни тела, затоа што тие се осудени еден ден, милиони години по својата креација, да згинат, а она парче душа во кое се вткаени нашиот занес и копнеж ќе трае и кога од сета материја на универзумот нема да остане ниту прашинка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нашите усни се допреа, и тогаш јас ги затворив очите, а во слаткиот допир на нашите јазици почувствував нешто како ветување дека таа слаткост вечно ќе трае.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Околу нив жабите ја отпочнаа својата немилосрдна хорска изведба, постепена, им се чинеше - невоедначена како нив, иако заслепени, љубопитно свесни за тоа, малку повеќе отколку свиткувањето на малиот прст, допирот на пивските кригли, заедништвото на Мек Кол - усогласувајќи се себеси во ритам секција на виртуозно дуо за кратки воздишки, извици; тој пуфкајќи повремено од цигарата за време на изведбата, капчето за бејзбол потскокнувајќи безгрижно, таа привикувајќи го нестабилното чувство на заштитеност, никогаш до крај прекршен Пасив; сѐ додека најпосле, попуштајќи под налетите на глупавото крекање на жабите, легнаа не допирајќи се.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Но коските под плочата таинствено молчеле наслушувајќи ги шепотите на мајките и примајќи ја животната топлина од допирот на нивните чела.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мртви, ги слушате ли моите воздишки и дали вашите соништа биле исти како моите?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Душата е жолта и црвена, мислеле загледани во играта на пламенот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Земјо, мислеле, разбуди се од допирот на нашето страдање, смекни, стопли се и дај ни топлина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зад кулисите на човечката суета, Додека трае тој краток допир на лежерна опуштеност Како втор Рембрант ван Рејн, што ја оживеа природата на платно Јас на лист бела хартија и црно перо во стилот на виножитото со раскошни бои ќе го насликам светот.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
О, колкава радост имаше во сето тоа небо, во тоа сино, богато небо, што почнуваше веднаш од неговото лице и траеше постојано, без ниеднаш да се сврши, многу подалеку од допирот на неговиот поглед.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ја градеа заедно и заедно остануваа во неа сите изминати лета; ја знаеја како дише секоја педа од нејзините простории и ги имаа во рацете сите допири на сите греди, од кои што беше создадена таа, а тоа можеше да трае сѐ до есеноска, кога ја напуштаа, сигурни дека напролет пак ќе ѝ се вратат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Квечерината беше многу побескрајна и се спушташе понеумоливо од врнежот; во неа исчезнуваа дури и меките допири на снежинките.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Би можел да плови низ неа со својот поглед, би можел да се вивнува во сите нејзини неизмерни, незамисливи глобочини и да открива секое нејзино катче по бескрајот, исполнет до пребликнување од сите оние црвеникави допири на топлината по лицето, а пак да си остане отпуштен и така сосема, сосема мирен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Допирот и стисокот не беше обичен. Истото ова чувство на мекост ја потсети Ивона на допирот на Викторовата рака. Истата збунувачка топлина и мекост.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Знаеше дека тие лузни можеше да ги излекува само еден мелем, а тоа беше нежниот допир на топлата прегратка на неговата изгубена љубов.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Виктор не го почувствува татнежот на срцето на онаа кон која очигледно не беше рамнодушен, но не го почувствува ни треперењето кое обично доаѓаше како бран при допирот на женско тело.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ноќе не можев да ја продолжам потрагата, се плашев од допирот на студените сенки, се плашев, а знаев дека токму таму се криеш.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Почнуваше од првиот поглед пред хотелот Куба на матурската забава преку првиот допир на рацете во паркот зад стадионот, до бакнежот што траеше вечност.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Дојди, момче! Арсо пристапува напред. Кајмакамот се поткренува од столот и Арсо сеќава скокоткање по образот и топол допир на влажните усни.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Карпата само меко се тргнува во темнината (а во собата сега навираат од цепнатините на закнижените прозорци сончеви зраци) како да го избегнува болезнениот допир на чеканот, се бранува, час истакнато грозна, час магличесто мека и рамна.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Врбите пожолтеа и се исушија, стеблата паѓаа и од допир на прст.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И таа можност започна да вее од секој предмет што ќе го слушне, види, рече или помисли.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Од допирот на седефот и од самиот поглед на него му се тресеа забите и морници му минуваа по кожата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Врбите пожолтеа и се исушија, стеблата паѓаа и од допир на прст.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Допир на половите сензибилности, топли и веќе навлажнети.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Назад во реалноста ја врати допирот на Петар, кој нежно ја зема нејзината рака во својата.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Сѐ уште го чувствуваше ладниот допир на жицата на образот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кожата ѝ беше влажна, но од неа избиваше топлина што го надополнуваше чувството од допирот на облината.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ги покри клавишите со дланката и се сврте кон мене со гест на благодарност што следува по бурен аплауз.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ема грицкаше ливче од рузмарин од гранчето во гарнирот од малата вазна на масата, а потоа отиде до клавирот и со нежен, повеќе ритуален допир на клавишите со прстите од левата рака отсвири неколку такта.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Гладот ли што ги мачеше и нив исто како и џганот, или сликата на гладот што ја гледаа пред себе во партали, боси нозе како ѓон со крвјосани петици, гурелави очи и остри коски како сабји подадени под смрдените кошули на оние што ја преживеале чумата, ги издели некако двајцата од несреќните и ги направи поблиски, иако со сркањето од бакарните чанаци сакаа да покажат, ќајата - дека и покрај човечката слабост тој си е обезбеден пред допирот на несреќата, а тој пак - дека е благодарен и почестен што е со него.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Рибарот Дејко спас побара во бегање: го натовари семејството во чун и избега во езерото; натовари и храна колку што можеше да собере чунот и живееше сред езерото, далеку од селото, далеку од допирите на луѓето и болеста.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Допири на телата!? Всушност посоответно би било да речам: двете корита од реката што ги раздвоила некогаш некоја пречка повторно се враќаат во едно корито.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се разбира, се сеќавам кога нешто подоцна ми се фрли в прегратка Катерина сепак не пропушти да ми се закани: секогаш ќе бидам доволно убава за да можам да владеам со твоите мисли, со твоите желби и со сè твое.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
3. Внатрешен опис (солилоквиј) „Беше доцна навечер кога стигнав“13а небесното царство тивко без оглед на мените, тропите, содејствата (и брокатот, и баршунот и муслинот, и сомотот пошумно од него шуштат - и допирот на кожа на маж и крзно на лисица во време на обнова мрмори повеќе од него!)
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Го наслушнуваше мекиот допир на патиките со есенското лисје и задоволно свиркаше некаква мелодија.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Со допирот на сеќавањата сѐ се раствораше во бистрата вода на свеста, во прекрасен процут, во пролетниот развигор.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Или, дека понекогаш кога плива грбно, сака да се смири и да замислува дека е паднат лист, воден од морскиот ветар.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Го лижна леденото ванилино топче и во таа една или две секунди нејзиното свилено здолниште затрепери од допирот на незабележливото здивче ветер.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Насетував како ги прелистува последните страници на секогаш истата света книга, низ трите книги Библијата, Коранот, Талмудот, низ само една страница која завршува како свет мост, како допир на другиот во животот и отаде него...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сакав повеќе, секако - допир на кожа - но бев исполнет и среќен.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Таа ми ја допре раката - допир на кожа - промрморе дека сѐ е во ред и дека минала и низ полошо.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Полека, си зборував себе. Сѐ во свое време.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Пелагија се стаписа на местото, се стаписа од благиот глас на жената и полека, полека, со така да се рече надчовечки напори ја заврте главата и жената влезе во нејзините очи веднаш тука зад вратничката, а со неа и целата градина и куќичката со последното сонце плиснато по белината на ѕидовите, и вратничката се отвора на внатре, насмеаната жена ја влече натаму, ѝ прави пат за да влезат во градината Дојдете, златни, да си поседиме пред мојава врата, со денови, мори златна, да не речам со години, те гледам поминуваш од тука со момичево во рацете и со некоја голема болка во лицето, одамна сакав да те поканам да ми влезиш макар во градината ако не во куќата! и Пелагија нема сили да се спротивстави, таа дозволува мекиот допир на жената да ја води по патчето сѐ до поплочената ширинка пред вратата на куќарката каде што има малечка масичка и неколку столчиња без потпирачки наместени околу масичката и веќе седи на еден од нив, а на другиот до неа малечката Пела, и уште, уловува дека тетката седнува до неа без да престане да зборува Ако си калеша и со црно во срцето, ти си убава, и не знам дали има поубава од тебе, и по лицето ти се познава дека си и добра, твојата појава зрачи добрина! и во исто време претрчува внатре низ отворената врата и мислиш дека оди натаму а таа се враќа со подавалник на кои има чинивчиња со слатко и пресна вода во стаклени чаши Добро ми дојде, златна, во куќава, ајде, касни од слатково, јас самата го имам правено, онде од зад куќи, имам две дуњи, погледни, како сонцето што свети така и тоа свети, како твојата невидлива светлина, златна, како твојата невидлива добрина, златна, а тоа што свети во исто време и боли, мила, твојата невидлива болка, касни, заблажи се, ти ја знам болката, со денови, со недели, со месеци сноваш по уличкиве и бараш брлог оти онаа коруба сега е зграда, ене ја, ги надвишува сите куќи и вие морате да се иставите од таму, е, златна на тетка, не знам зошто, ама моето срце те одбра тебе, така да знаеш, те одбра тебе и оваа топка радост и оваа жолта заштита, вие да ми бидете радост на старост!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Игбал седеше крај мене и тогаш сфатив дека бил цело време тука, само што не сакал да ме вознемирува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Престанав кога почувствував нежен допир на рамото.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)